Нова Година без петарди и пиротехнички средства

Во овој период од годината, пред новогодишните празници вообичаени се активностите на СВР насочени кон пронаоѓање на лица физички и правни кои вршат нелегална продажба на петарди и друга пиротехника. Досегашните активности покажуваат дека вродија со плод акциите кои во континуитет годиниве наназад ги превзеде МВР во сузбивање на нелегалната продажба на пиротехнички матријали.

 |  Татјана Маленкова  | 
petardi
petardi

petardiВо овој период од годината, пред новогодишните празници вообичаени се активностите на СВР насочени кон пронаоѓање на лица физички и правни кои вршат нелегална продажба на петарди и друга пиротехника. Досегашните активности покажуваат дека вродија со плод акциите кои во континуитет годиниве наназад ги превзеде МВР во сузбивање на нелегалната продажба на пиротехнички матријали.

„ Сакам да напоменам дека во текот на годиниве наназад ние  во континуитет напредуваме и од репресивен план превземеме мерки во оваа насока во сузбивање на нелегалната продажба на пиротехнички матријали. Тука потенцирам дека забележливи се нашите резултати. Во текот на минатата година во овој исти период СВР Охрид на подрачјето на Охрид и Струга пронајде околу 70 илјади парчиња пиротехнички производи. Тие беа наменети за пазарот Охрид и Струга, а оваа година до овој момент  имаме само 79 пронајдени парчиња што говори дека сите мерки во континуитет превземени ги вродуваат позитивните резултати“, вели портпарол во СВР Охрид, Стефан Димоски.

Stefan DimoskiДимоски потенцира дека СВР преку одделението за превенција во континуитет информира за нгативните ефекти кои ги предизвикуваат петардите. „Петардите се интересни пред се за децата но во таа еуфорија во желаба за поголема забава луѓето забораваат дека петардите всушнот се многу опасни пиротехнички производи и можат негативно да влијаат врз целиот организам“, додава портпаролот. Димоски потенцира дека мерките што генерално ги превзема МВР се однесуваат на целата територија на државава и почнуваат од самиот граничен премин, при што се стопира влезот на пиротехника во државава.

„ Факт е дека присуството на пиротехниката нелегална не можема целосно да го елиминираме но факт е дека полициските службеници превземаат интензивни мерки кон физичките и правните лица. Контролите се насочени кон преглед на лица, автомобили, автобуси, самопослуги, тезги. Сакаме на овој начин да ги избегнеме сите негативни последици кои можат да се случат пред се затоа што петардите се опасни врз здравјето на децата и  луѓето воопшто, додава Димоски.

Димоски потенцира дека постојат и правни лица кои имаа лиценца од МВР за да можат да продаваат петарди од втора и трета категорија кои се т.наречени забавни петарди или забавна Пиротехника, која не е опасна и е дозволива за продажба.Се што е надвор од оваа продажба е нелегална продажба и тука полициските службеници ги превземаат мерките согласно своите овластувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top