Охридските училишта ќе се санираат – изградба на нови нема

За 2012 година, Локалната самоуправа од буџетот планира со 32 милиони денари да ги подобрува условите во основните и средните училишта.
Училишните згради се стари објекти кои постојано бараат санирање  и подобрување на училишните простории за учениците да имаат квалитетен престој во нив, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа.

 |  Валентина Нелоска  | 
ou Koco Racin
ou Koco Racin

Serafim NaumoskiЗа 2012 година, Локалната самоуправа од буџетот планира со 32 милиони денари да ги подобрува условите во основните и средните училишта.
Училишните згради се стари објекти кои постојано бараат санирање  и подобрување на училишните простории за учениците да имаат квалитетен престој во нив, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа. Во наредната година во најголем дел  планирани се санација на  подовите во училиштата, реконсрукцијата на санитарните јазли, замена на делови од кровните конструкции и дограмите. Во програмата за реконструкција на училиштата влегува и ОУ Христо Узунов кое во моментов има проблеми со застарената дограма.
„Локалната самоуправа ќе издвојува апри за санација и рекоснструкцијас според приоритетните потреби на училиштата“, информира Наумоски.
ucilisteИзградба на нови  училишни објекти за 2012 година не се планирани. И со влегување во втората фаза на децентрализација на Локалната самоуправа нема  да има пари за градба на нови образовни објекти. Можност за поголеми инвестиции  и понатака е оставена на Владата, нагласува Наумоски.
„На ресорното Министерство е оставена можноста оваа година да  изгради три фискултурни училишни сали, во средните училишта „Ванчо Питошески“ и „Св. Наум Охридски“ и во  основното „Кочо  Рацин“.
Локалната самоуправа во годината што доаѓа, покрај училиштата во градот и селските населби,  ќе интервенира и во подрачното училиште во населбата Даљан. Заклучокот на Комисијата која што изврши  увид на овој објект е санација на  внатрешноста на училишните простории и да обезбедување пристапен пат до учишната зграда.     

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top