Јан 30, 2012

Се вжештува незадоволството кај пациентите

Студот започна да го подјадува трпението на пациентите  во Охридската болница. Лошите болнички услови доаѓаат се повеќе до израз во овие студени зимски денови.


Јан 30, 2012

Запленети 20 тони тутун за продажба на „црно“

Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“, СВР Охрид, поднесе кривична пријава против А.Г.(55) од струшкото село Франгово, Н.К. (46) од Охрид и А.Б.(38) од Поградец-Република Албанија.


Јан 28, 2012

Поскапувањето на комуналните услуги срамна одлука на коалиционите партнери, реагира ОК ВМРО ДПМНЕ

OK на Вмро Дпмне и советничката група на оваа парија  со реакција на вчерашната одлука за поскапување на комуналните услуги од страна на мнозинството во Советот. Поскапувањето на водата за 20 посто е срамна одлука на коалиционите партнери. Со оваа одлука директно се удира по семејниот буџет на  граѓаните, рече претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов на денешната прес- конференција.


Јан 28, 2012

Градоначалникот Петрески ги награди ракометарите со одмор во Охрид

Градоначалникот  на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество на олимписките игри , како награда и почит, ги наградува  со  седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги.


Јан 28, 2012

Охрид ќе добие спомен одбележје за Богојавление – Водици

Иницијативата за подигнување на спомен обележје за Богојавление – Водици, помина кај градските избраници. Сега започнуваат активностите за забрзување на формалностите и формирање на одбор кој ќе ги прати активностите за избирање на идејно решение и собирање на понуди за изготвување спомен одбележјето.


Јан 28, 2012

Во Горна Влашка маала отворен комплексот Св. Георгија

Во Горна Влашка маала отворен современ комплекс Св. Георгија. Во него функционира реномираната  стоматолошка  ординација по општа пракса д- р Баткоски. Но, сега надополнета со најнова стоматолошка опрема  работи и специјалистичката ординација по ортодонција.


Јан 27, 2012

Бура поскапувања на услугите во Охрид

Граѓаните со амин на коалицијата на охридските советници во наредниот период ќе добијат повисоки сметки за вода, канализација, па дури и за дел на комунални услуги. Советниците на ВМРО – ДПМНЕ, сметаат дека позади ваквите одлуки стои полутаен заговор за продавање на МЈП „Проаква“.


Јан 27, 2012

Во Охрид се води антикампања против ХПВ вакцината

Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката  чиј предизвикувач е ХПВ вирусот.


Јан 27, 2012

Денот на Свети Сава по петти јубилеен пат одбележан во Охрид

Еден од најголемите празници во српскиот православен календар прославен со традиционално читање на песни за Свети Сава, но и со богата трпеза. За организацијата на оваа прослава повторно се погрижија од српско-македонското друштво „Коштана“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top