Охрид ќе добие спомен одбележје за Богојавление – Водици

Иницијативата за подигнување на спомен обележје за Богојавление – Водици, помина кај градските избраници. Сега започнуваат активностите за забрзување на формалностите и формирање на одбор кој ќе ги прати активностите за избирање на идејно решение и собирање на понуди за изготвување спомен одбележјето.

 |  Татјана Маленкова  | 
kumovi
kumovi

Иницијативата за подигнување на спомен обележје за Богојавление – Водици, помина кај градските избраници. Сега започнуваат активностите за забрзување на формалностите и формирање на одбор кој ќе ги прати активностите за избирање на идејно решение и собирање на понуди за изготвување спомен одбележјето.

„Треба да се формира одбор, кој ќе распише конкурс – меѓународен со различни идејни решенија и во зависност од идејното решение ќе се одреди и точната локација дали споменикот ќе биде на самата обала или во вода“, вели  потпретсадателот на „Богојавление“, Димитри Пендоски.

Од локалната се задоволни што советниците дадоа зелено светло за подигнување на спомен одбележје за Водици. „Локацијата за спомен одбележјето не е утврдена, затоа што чекаме прво да се распише конкурсот и да се избере идејното решение“, вели градоначалникот Александар Петрески.

„ Идејното решение кое ќе го дадат уметниците може да биде споменик кој излегува од вода или поинакво, ако сега донесеме решение кај ќе биде локацијата можеби ќе згрешиме, можеби нема да му одговара на решението затоа прво треба да го избереме решението. Формална одлука е носењето на совет каде ќе биде поставено, затоа што убеден сум дека сите советници ќе гласат за тоа“, вели градоначалник на Охрид, Александар Петрески.

Спомен одбележјето за Богојавление – Водици комплетно ќе го финсира кумот на манифетсацијата за 2012 год Ванчо Чифлиганец. Покрај овој проект од пресс службата на Чифлиганец уште додаваат дека не само спомен одбележје, туку кумот преку целата година ќе реализира повеќе активности преку кои ќе остави белег за годината во која тој бил кум на манифестацијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top