Поради сегашните и најавените снежни врнежи , Локалната самоуправа ги предупредува граѓаните , моторните возила веднаш да ги тргнат од тротоарите и улиците.
Мерките и активностите за еколошки проекти, договорени помеѓу македонската и јапонската влада, генерациска шанса за доизградба на колекторскиот систем на македонска страна и унапредување на неговите пречистителни станици.
Жителите со брза интервенција на ветеринарен лекар, успеале да спасат дел од животните, но многумина останале без своите домашни миленичиња.
Наскоро и во Охрид електронски катастар. Наместо да се чека пред шалтер, охриѓани ќе имаат можност од дома да имаат увид во својата имотна состојба. Од одделението за катастар велат ова ќе придонесе да се избегнат административните лавиринти. Граѓаните со поинаков став.
Охридските пожарникари за месец и половина изгаснале 38 запалени оџаци. Неисчистените оџаци и шпорети под дејство на високиот воздушен притисок и студеното време се најчестите причини за пожарите, вели командирот на Противпожарната единца Спасе Прентоски .
Делегација на општина Охрид, деновиве оствари 7 дневна работна посета во Турција. Тоа резултираше со договор за збратимување на училишта од двете земји како и договор за реализација на зеднички проект.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град