ВМРО-ДПМНЕ : „Да се избришат одлуките за поскапување на комуналиите“

Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања упатени кон градоначалникот Петрески за она што според нив е: обид за манипулација за продажба на МЈП Проаква.

 |  Мишел Наумоски  | 
pres
pres

presОпштинската организација на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања упатени кон градоначалникот Петрески за она што според нив е: обид за манипулација за продажба на МЈП Проаква. „Петрески вчера призна една од многуте свои грешки“-велат од ВМРО-ДПМНЕ. Воедно најавија дека нивната политичка партија и натаму ќе се залага за бришење на одлуките за поскапување на комуналните услуги. Тема на денешната прес конференција беше стопирањето на давањето под концесија на МЈП Проаква, но и поскапувањето на комуналните услуги. Од ДПМНЕ велат: Овој пораз на Петрески е само уште еден во низата на порази како што беа поразите за коруптивниот елемент со ставање на братот во Комисијата за јавни набавки , како што е поразот за некои урбанистички планови од негов интерес, како што е поразот со подигање на цените на комунални услуги.“

„Петрески вчера ја призна едната од своите многу грешки и изјави дека ќе се повлече од процесот за продажба на МЈП Проаква кој тој го криеше под името концесија. Ваквиот негов обид да учествува во манупулација за продажба на МЈП Проаква заслужуваше најостра осуда и тоа е обид заради кои доблесни луѓе и политичари треба веднаш да поднесат оставка. Фатен во голема лага и притиснат од советничката група и посебно од граѓаните , во безизлез изјави дека тој ќе ја прекине постапката за продажба т.е концесија на Проаква.“-вели Атанаско Михаилов-Претседател на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај политичките субјекти и граѓаните извојуваа голема победа врз Петрески јасно ставајќи му до знаење дека тој нема право да си поигрува со јавните добра на граѓаните на Охрид и да си поигрува со националното богатство.“-додаваат од ДПМНЕ.

„Изразуваме задоволство од нашата борба и борбата на граѓаните за победата за заштита на МЈП Проаква . Ние ќе продолжиме со нашата битка за Охрид против ова катастрофално владеење на Петрески и СДСМ и покрај сите зли намери и планови на СДСМ . Ќе продолжиме со нашата борба за да се избришат одлуките  за поскапување на комуналните услуги во Охрид. Ќе продолжиме да му нанесуваме порази на Петрески и СДСМ во Охрид. И по наредните избори ВМРО ДПМНЕ дефинитивно ќе го управува Охрид онака како што треба онака како што заслужуваат граѓаните на Охрид.“-рече Михаилов.

Околу одлуката за поскапувањето на комуналните услуги, Михаилов со прашање до градоначалникот Петрески, зошто чекал 7 години за да ја зголеми цената на овие услуги, но и дополнително обвини дека врзувањето на зголемувањето на цената на водата со другите комунални услуги е ноторна лага и нема никакво рационално објаснување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top