Дали им дојде крај на турканиците пред Катастар?

Наскоро и во Охрид електронски катастар. Наместо да се чека пред шалтер, охриѓани ќе имаат можност од дома да имаат увид во својата имотна состојба. Од одделението за катастар велат ова ќе придонесе да се избегнат административните лавиринти. Граѓаните со поинаков став.

 |  Мишел Наумоски  | 

kompjuterЕлектронскиот катастар наскоро ќе биде достапен и во нашата општина. Оваа алатка ќе им овозможи на граѓаните во било кое време и од било кое место да имаат увид во сопствениот имот. Крајниот рок за воведување на електронскиот катастар е Јуни 2012 година. Оваа алатка досега е имплементирана во Скопје и во уште тринаесетина градови.

Од подрачното одделение на Агенцијата за катастар и недвижности велат дека до средината на Март ќе биде воведен електронскиот катастар. Со ова, раководителот на одделението Робе Тодороски вели дека во голема мера ќе се намалат гужвите пред одделението.

Граѓаните кои ги затекнавме пред подрачното одделение за катастар сепак не го делат ова мислење.

катастар„Може да се види каде се парцелите, но бирократијата е голема така да било што да се направи не може да се реши ова.  Затоа што за секаква работа треба многу многу документи за на крај излезе нешто друго. Да речеме во минатите времиња доволна била една турска тапија за да се знае имотот. Сега ви се потребни 5 килограми хартии и чекање по шалтери.“

„Треба да се намалат гужвите. Ова е претерано. Секој ден овде со триста барања и молби. Младите можеби ќе знаат како да пристапат на таков електронски начин ама ние повозрасните, а ние претежно ги бркаме тие работи, имотно-правни, катастари, тешко за нас тоа дека ќе биде…не знам, ние во овие години сме просто неписмени за тие компјутери, електронски пристапи така да тоа за мене нема да важи, јас пак по шалтериве ќе чекам…“

катастар„Од дома луѓето ќе си ги вршат работите, а не овде да чекаат ред.  Па повеќе ќе биде достапно до оние кои имаат интернет дома и компјутер ќе можат да свршат работа, а другите сигурно ќе мора стариот начин да си го користат.“-велат дел од Охриѓани.

Дали електронскиот катастар навистина ќе ги намали гужвите и турканиците пред овие одделенија, ќе мора да почекаме и видиме. Дали оваа алатка ќе биде одговор на молбите на граѓаните или пак ќе покрене уште повеќе прашања, тоа само времето ќе покаже.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top