Шанса за рехабилитација на колекторскиот систем и спас на Охридското езеро

Мерките и активностите за еколошки проекти, договорени помеѓу македонската и јапонската влада, генерациска шанса за доизградба на колекторскиот систем на македонска страна и унапредување на неговите пречистителни станици.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohridsko ezero
Ohridsko ezero

Мерките и активностите за еколошки проекти, договорени помеѓу македонската и јапонската влада, генерациска шанса за доизградба на колекторскиот систем на македонска страна и унапредување на неговите пречистителни станици.

После разговорите помеѓу македонската и јапонската влада, околу договарањето мерки и активности за техничка и финансиска помош за еколошки проекти, Jапонската агенција за меѓународна соработка JICA, достави информација до надлежните институции во Македонија за отпочнување на процесот за аплицирање пред јапонската влада. Станува збор за проектна активност врзана за одобрување на средства за оваа намена. Македонската страна преку Одделението на МЖСПП во Охрид и Министерството за животна средина, изработи концепт апликација за Физибилити студија, после што следеше посета на мисијата од JICA, со цел запознавање со проблемите и евентуалните можни цели на проектот и физибилити студијата, вели Дејан Паноски од одделението на МЖСПП од Охрид.

„Она што е забележливо е дека Јапонската влада преку Агенцијата е сериозна околу оваа проблематика, сериозен е и договорот постигнат со нашата Влада. Сега треба да бидеме обединети и да сработиме во наредниов период, кој ќе трае неколку месеци до физибилити студијата и неколку години додека се спроведат овие работи, но тоа е единствена можеби шанса на оваа генерација конечно да го реши прашањето на заштита на Охридското езеро“ објаснува тој.

Dejan PanoskiПаноски објаснува дека интересот е единствен. Средствата кои ќе бидат на располагање, може да се искористат единствено за рехабилитација на колекторскиот систем и неговото довршување и заокружување на системот на македонска страна. Во неофицијален разговор со претставниците на  Р.Е „Колектор“ заклучено е дека средства во висина од околу 13 милиони евра би биле доволни за реконструкција на колекторскиот систем. Неодамнешните најави за давање на водоводните системи на „Проаква“ под концесија, не би требало да предизвикаат реперкусии при имплементацијата и реализацијата на овој проект, додава Паноски.

RE Kolektor„Ние го спомнавме пред претставниците на јапонската агенција и тој момент. Јас лично и според последните изјави на официјалните лица не верувам дека до тоа ќе дојде, но нема никаков ефект бидејќи она што ќе се работи овде ќе се работи преку Министерството за животна средина, односно државата како имплементатори, па каков и да биде развојот на  претпријатијата кои раководат со системот, тој систем треба да се рехабилитира и заврши и не е врзано со никаков друг момент“ потенцира Паноски.

Покрај ревитализацијата на системот, проектот ќе помогне да се намали загубата на вода, односно да се намали оптеретувањето на колекторскиот систем преку изнаоѓањето на мерки кои ќе го спречат мешањето на атмосферските и подземните води со колекторот. Крајна придобивка од проектот, за која ќе бидат потребни и дополнителни финансиски средства ќе биде довршување на колекторскиот систем на потегот Пештани-Св.Наум, со мини пречистителни станици, како и на потегот околу селото Радожда, објаснува Паноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top