Експертите се на чекор од идентификување на дамата која стои на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи.
Училиштата во градов, подготвени за новата учебна година. Направени се повеќе градежни зафати, санација на одредени објекти како и генерални чистења на училиштата и дворните површини се со цел учениците да ги пречекаат во најдобро светло. Средствата кои биле издвоени од буџетот на општината делумно ги задоволиле потребите за санација на училиштата, а делумно тие се направиле од спонзорства.
Трите збратимени града Охрид, Струга и Подградец, свечено го одбележаа Денот на Охридското езеро.
Центарот за јавно здравје на почетокот на месец септември ќе ја спроведе планираната есенска дератизација на целата територија на град Охрид.
Comodita Home донираше душеци, перници и постелнини на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Со оваа акција ја продолжуваат хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“.
Мауцкер сеуште затрупан со градежен шут и друг вид отпад. Иако уште пред две години општината најави дека ќе се исчисти ова место, поради немање пари овој проект остана нереализиран. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ вели дека чистењето на Мауцкер е влезено во нивниот годишен план за јавни набавки.
Се одржа летната сликарска школа „Пробај уметност“ која што траеше осум недели. На школата учество зедоа над триесет дечиња. Во четврток со почеток од 17 часот ќе се одржи изложбата „Низ детските очи 2“, како завршен дел од проектот.
Поништен третиот тендер за изградба на јавни тоалети од Југозападниот плански регион. Сега во тек е четврта објава. Ниедна фирма досега не поднела целосна понуда за подигање на санитарни контејнери кои на Охрид му се многу потребни. Цената на градење на тоалетите во зависност од 2 или три кабини изнесува меѓу 7 и 8 илјади евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град