Ќе се спроведе есенска системска дератизација во септември

Центарот за јавно здравје на почетокот на месец септември ќе ја спроведе планираната есенска дератизација на целата територија на град Охрид.

 |   | 

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а со одлука на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна системска дератизација како една општа против епидемиска мерка, Центарот за јавно здравје два пати годишно ја спроведува оваа активност. Пролетната веќе е спроведена со мало задоцнување поради временските неприлики, додека есенската треба да заврши најдоцна до 20-ти септември, информираат од Центарот за јавно здравје.

„Опфатен е цел град и стариот и новиот дел на градот заедно со пригратските населби, се поставуваат парафински блокови, отров за глувци со активна супстанца „Promadilon“ во 2700 шахти“ објаснува Д-р. Јованка Стурлакова Коровешоска.

Опасноста која ја претставуваат глодарите не завршува само на материјалната штета која тие ја предизвикуваат. Пренесувачи се на сериозни заразни болести и во никој случај не смее да се сфатат здраво за готово. Нивното ширење и миграција од еден во друг дел на градот најчесто е предизвикано од уништувањето на нивните живеалиштата , како и хигиената која мора да биде на повисоко ниво.

„Годинава имавме појава на хеморагична треска чиишто преносители се токму глодарите на територија на Општина Дебар, имавме четири случаи на заболени сточари и овчари кои се заразиле поради непочитување на хигиенскиот режим на храната и на рацете“ вели Д-р. Јованка Стурлакова Коровешоска.

Од центарот им препорачуваат на граѓаните самите да не поставуваат отрови, особено не во домови каде има деца, додека механички може да се справуваат со глодарите и тоа само со поставување на лепаци или стапици. Убиените глодари не смеат да се фрлаат со другиот комунален отпад, велат од центарот за јавно Здравје од Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top