Утре ќе се одржи изложбата „Низ детските очи 2“

Се одржа летната сликарска школа „Пробај уметност“ која што траеше осум недели. На школата учество зедоа над триесет дечиња. Во четврток со почеток од 17 часот ќе се одржи изложбата „Низ детските очи 2“, како завршен дел од проектот.

 |   | 

Втора година по ред се одржа летната сликарска школа „Пробај уметност“, која траеше осум недели и во неа учествуваа преку триесет деца. За разлика од лани, оваа година со делумна финансиска помош од Општина Охрид и донации од граѓани, беше овозможено 10 деца од семејства од ранлива категорија да бидат дел од школата, велат организаторите.

Како завршен дел од проектот, планирана е и изложба, насловена „Низ детските очи 2“. На изложбата ќе бидат поставени 84 слики од 21 автор. Сите слики се работени во текот на сликарската школа, а авторите се деца на возраст од 5 до 12 години.

Изложбата ќе се одржи на 26 август (четврток), на плоштадот Долна Порта, кај хотел „Александрија“, со почеток во 17:00 часот. Истата е од продажен карактер, а средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на сликите ќе бидат наменети за децата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top