Поништен третиот тендер за изградба на јавни тоалети од Југозападниот плански регион

Поништен третиот тендер  за изградба на јавни тоалети од  Југозападниот плански регион. Сега во тек е  четврта објава. Ниедна фирма досега не поднела целосна понуда  за  подигање на санитарни контејнери кои на Охрид  му се многу потребни. Цената на градење на тоалетите во зависност од 2 или три кабини изнесува меѓу 7 и 8 илјади евра. 

 |  Валентина Неловска  | 

Никако да се најде градежна фирма што ќе ги изгради јавните тоалети во Охрид. Градот и по трет пат нема среќа со успешноста на тенедерот за изградба на јавни тоалети. Југозападниот плански регион го поништил третиот тендер и во меѓувреме распишал нов. Причината иста како и лани, на тендерската постапка не пристигнала нити една соодветна понуда, информира Мирјана Лозаноска директор на Југозападниот плански регион.

„Тендерите се отворени на елктронскиот систем за јавни набавки и сите фирми или економски оператори кои сметаат дека може да ја завршат таа работа и ги исполнуваат условите можеа да се пријават. Доставуваа понуди но не беа соодветни ни од технички ни од финансиски аспект. Бевме принудени да ги поништиме. За последниот поништен тендер немаше доставено пропратна документација која се бараше во тендерската документи “ , подвлекува Лозаноска.

Сега се очекува позитивен исход од четврта објава на тендерот за изградба на јавните тоалети на две локации во Охрид. Цената на чинење на изградбата на санитарните контејнери е формирана врз основа на истражување на пазарот за двата модели со 2 и 3 кабини. Но, дали некој ќе биде заинтересиран сепак е проценка и слободна волја на екомскиот оператор, посочува Лозаноска.

„ Од испитување на пазарот, напревно од тим на центарот некаде во просек од 7000 до 8000 евра чини еден таков санитарен контејнер. Електронската аукција по правило го има последниот збор на надавањето кога би имале ние конечно цена што е исплатливо за економскиот оператори да го изработат за определена цена и никогаш не е извесно до крај со која конечна цена ќе заврши одредена постапка додека не заврши конечната аукција“, вели Лозаноска.

Охрид повеќе од две децении нема јавни тоалети што е сериозен комунален проблем на кој реагираат и граѓаните и туристите. Со реализација на проекот на Југозапдниот плански регион треба да се изградат јавни тоалети на две локации во Охрид, едниот кај Амамот, а другиот кај паркингот Горна Порта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top