Чекориме кон Европска Струга. Струга е подготвена како никогаш, а стружани цврсто решени да се изборат за својата иднина. Само со доверба од граѓаните без оглед на нивната партиска определба, може да го постигнеме тоа, порачаа од коалицијата „Сојуз за Струга“.
Градоначалникот Јован Стојаноски ги прими младите шахисти од ШК “Ласкер“, кои на Државното поединечнио првенство забележаа одлични резултати. Под водство на менторот Борис Лушески, охридските шахисти освоија две први и едно трето место.
Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, СВР Охрид информира дека во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај.
Единицата за спасување на планина и непристапни терени оформи возен парк со две теренски возила од кои едното опремено со амбулантска опрема за транспортирање повредено лице од тешко пристапен терен. Во тек е и набавката на целокупната потребна опрема и тендерските процедури за изградба на центар за спасување на планина кој ќе биде еден од најсовремените во Македонија и пошироко.
Бројот на туристите во периодот јануари – јули 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 56,6 отсто, кај домашните за 56,6, а кај странските за 56,6 проценти.
Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвeни во близина на мостот веднаш да ги отстранат. Потсетуваат на универзалното правило пловни објекти да не се паркираат под мост посебно кој што се подига. Од охридската капетанија најавуваат изрекување санкции за сопствениците кои нема да го почитуваат ова правило во пловниот сообраќај.
Полуматурантите кои не успеаа да се запишат во некое од средните училишта во првиот рок утре ќе поднесуваат документи во второ пријавување во јунскиот рок. Во првиот рок најголем интерес за гимназиско образование и медицина. И како во изминатите години , така и за учебната 2018/2019 година, во туристичкиот центар Охрид, нема интерес за струката келнер.
Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“ за нејзините достигања во промоцијата на уметноста во Македонија, промоција на македонската уметност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град