Најголем интерес за гимназиско образование и медицина

Полуматурантите кои не успеаа да се запишат во некое од средните училишта во првиот рок утре ќе поднесуваат документи во второ пријавување во јунскиот рок. Во првиот рок најголем интерес за гимназиско образование и медицина. И како во изминатите години , така и за учебната 2018/2019 година, во туристичкиот центар Охрид, нема интерес за струката келнер.

 |   | 

Во јавните средни училишта утре ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во средно образование во учебната 2018/2019 година.
По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, како и минатите години, очекувано најголем интерес кај идните средношколци имаше за медицина и за гимназиско образование.
Во Гимназијата “ Св Климент Охридски“ во првиот усписен рок се запишале 180 ученици. Во ова средно училиште има уште 92 слободни места, информира директорката Весна Цветкоска.
Во средното општинско училиште „Св Кирил и Методиј“  во првиот усписен рок пополнета е медицинската паралелка во која се запишани 34 ученици. Во економската струка во прв рок запишани се 47 ученици а за второто пријавување има 89 слободни места, кои се очекува да бидат пополнети затоа што голем број од учениците кои не успеаа да се запишат на медицина имаа повеќе поени од бараниот минимум, информира директорката Славица Костоска.
За гимназиско образование, економско правна и трговска струка и здравствена струка училиштата немаат можност да го намалат бројот на минимум поени за втор уписен рок.
Во Општинското угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ во вториот уписен рок има 270 слободни места. Во првиор рок се запишале 37 ученици, а најголем интерес има за струката угостителски техничар и тригодишната струга готвач. Директорот Марјан Радески информира дека и понатаму во еден туристички центар како што е Охрид нема никаков интерес за струката келнер.
Во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во првиот уписен рок од 150 пријавени се запишале 99 ученици. За вториот уписен рок има 275 слободни места. Пилот паралелката со дуално образование  интересна за идните средношколци, информира директорот Сашо Недески. Во  првиот рок запишани се 18 ученици кои ќе учат за „Техничар за индустриска мехатроника“. Слободни места има во сите профили кои се изучуваат во ова општинско стручно средно училиште.
За второто пријавување и средното угостителско училиште и Електро машинскиот училишен центар имаат можност да го намалат утврдениот број минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени.
Резултатите од второто пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во средно образование во учебната 2018/2019 година ќе бидат објавени в петок, 29 јуни.
За учениците од деветто одделение кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, ќе се организира втор уписен рок во август, во училиштата во кои ќе има слободни места по јунскиот рок. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 23 август.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top