Гордана Јосифова Неделковска одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција

Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“ за нејзините достигања во промоцијата на уметноста во Македонија, промоција на македонската уметност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија.

 |   | 
Гордана

горданаМузичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција и го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот допринос во ширењето на француската култура и уметност. Одликувањето  „Витез на уметноста и книжевноста“  кое го доделува француското Министерство за култура и комуникации, спаѓа во четирите најважни одликувања во Франција.

Ова признание ме прави бескрајно среќна, но уште повеќе ме задолжува во моите понатамошни вложувања, рече Јосифова Неделковска.

Успехот, според неа е тимска работа на истомисленици, креативци, луѓе предадени на работата, кои веруваат дека најголемата доблест е да се работи за општо добро. Затоа оваа голема награда е пред се на фестивалот Охридско Лето, Факултетот за музичка уметност – Скопје, ова е награда за Македонија, нагласи Јосифова Неделковска.

горданаГодинава посебно е значајна затоа што селекторката Гордана Јосифова Неделковска ја доби оваа престижна награда која ја потврдува нашата заложба да се поромовира  Француската култура во Македонија, вели директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска.

На церемонијата на доделување на орденот Витез, во резиденцијата на француската амбасада присутен беше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

Охрид се гордее што е град каде се промовира француската култура и уметност. Горди сме што го имаме Фестивалот „Охридско лето“ и врвните уметници како Гордана Јосифова Неделковска. Нашата визија и понатака е Охрид и Македонија да бидат центарот на светските културни збиднувања, порача Бакрачески.

Одликувањето Витез од редот на уметности и книжевност се доделува од 1957 година и е едно од најпрестижните одликувања во оваа сфера. Во минатото одликувањето се доделувало само на француски државјани, а во поново време членови на Редот на уметноста можат да бидат и странски државјани, а некои од нив се и Кејт Бланшет, Џорџ Клуни, Шакира, Роберт Редфорд, Пол Остер и други.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top