• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • На маратонец му ја одзедоа бронзата затоа што место да трча се повозил со автобус

На маратонец му ја одзедоа бронзата затоа што место да трча се повозил со автобус

Маратонец се умори од трчање, седна во автобус и освои трето место.

 |   | 
maratonec
maratonec Rob Sloan

Роб Слоун го освои третото место на маратонот Кедлер во северна Англија, но медалот му е одземен бидејќи дел од патеката ја мина со автобус.
maratonec
Маратонецот Роб Слун во неделата заедно со 1.700 натпреварувачи го започна маратонот во северна Англија, но по претрчани 32 километри тој не можел веќе да го издржи темпото.

Наместо да се откаже, тој се качил на автобус. Во близината на целта, тој се симнал од автобусот и се сокрил покрај патот, чекајќи го вистинскиот момент за да се врати на патеката. За да не биде премногу сомнително, тој се вратил во трката зад двајцата водечки маратонци и маратонот го завршил на третата позиција.

Сепак наскоро неговата постапка била откриена. Автобусот со кој се возел превезувал гледачи кои го препознале својот сопатник на крајот од трката. Сомнително било и времето со кое тој ја претрчал трката 2:51 часа, што било за дури 21 минута побрзо од неговото најбрзо време.

„Роб Слоун погреши и ни се извини поради збрката која ја направи“, изјави директорот на маратонот, Стив Крам, а и самиот Роб потоа ја призна грешката.

„На 30-от километар почуствував умор и исцрпеност, па фатив автобус и се симнав после неколку станици. Тоа беше близу пред целта, па се сокрив и почекав да поминат неколку маратонци и излегов зад нив“, призна Слоан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top