• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Единицата за спасување на планина и непристапни терени опремена со две теренски возила

Единицата за спасување на планина и непристапни терени опремена со две теренски возила

Единицата за спасување на планина и непристапни терени оформи возен парк со две теренски возила од кои  едното опремено со амбулантска опрема за транспортирање повредено лице од тешко пристапен терен. Во тек е и набавката на целокупната потребна опрема и тендерските процедури за изградба на  центар за спасување на планина кој ќе биде еден од најсовремените во Македонија и пошироко.

 |   | 

Теренско возило со вградена амбулантска опрема, носила за транспорт на повреден, ЕКГ апарат со дефибрилатоr, доби Единицата за спасување на планина и непристапни терени. Возилото е набавено  во рамки на  проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“ со средства од ЕУ преку програмата ИПА 2 за прекугранична соработка. Уште едно возило со подобри перформанси за тешко пристапни терени и е отстапено на единицата како донација од Црвен Крст на Македонија а репарирано со средства од проектот.  Со европски пари предвидена е изградба на центар за спасување на планина, набавака на соодветна опрема, обука на 50тина спасители. Во моментов се работи на тендерската документација за изградба на новиот Центар за спасување на планина кој ќе биде сместен во  постојниот магацин на Црвен Крст. Просторот  ќе биде комплетно реновиран и адаптиран за намената  со сите потребни содржини и специјално опремени простории за соодветно чување на современата опрема за спасување, објаснува Антонио Додевски професионален водич на планина и генерален секретар на Македонската Асоцијација на интернационални водичи во планина (МАИВП)
 
„Во рамки на центарот ќе имаме и тренинг центар  со вештачка карпа во затворен простор кој ќе овозможи тренинзи за сите видови техники со целокупната опрема која планираме да ја набавиме. Можам да кажам дека овој центар ќе биде според сите стандарди и ќе биде еден од најсовремените во Македонија а и пошироко.  Целта е досегашната единица за спасување на планина и непристапни терени при Црвен Крст Охрид да прерасне во ефикасна планинска спасителна служба која ќе може да одговори 24/7 на потребите на сите граѓани и туристите.“ вели Додевски, проект менаџер.

За да се реализира тоа, во втората година од имплементација на проектот предвидени се низа работилници со претставници од локалните самоуправи од Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца,Ресен,институции и установи вклучени во системот како СВР, Итната медицинска помош, Противпожарните служби, ЦУК, ДЗС. Во соработка со сите нив ќе треба да се дифинираат приоритетни прашања.

„Прво е прашањето за идната финансиска одржливост на службата и вклученоста на сите овие субјекти на некој начин во тој систем. Второ прашање е меѓусебната комуникација односно формирање на стандардни оперативни процедури за меѓусебна комуникација и заедничко делување во случај на несреќи на планина бидејќи од изминатото искуство гледаме дека имаме сериозни недостатоци во тој дел и многу често интервенциите и начинот на реакција е со големи задоцнувања .“– потенцира Додевски.

Планирани се и работилници со чинителите на туристичкиот сектор на кои ќе им биде презентирана предноста од постоење на ваков систем за спасување при креирањето на туристичките производи во делот на авантуристички туризам.  Проектот  „Регионот Охридско Езеро – безбедна туристичка дестинација за авантуристички туризам“ почна во ноември 2017 и ќе трае до ноември 2019 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top