• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвени во близина на мостот веднаш да ги отстранат

Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвени во близина на мостот веднаш да ги отстранат

 Од Капетанија повикуваат сопствениците на пловила закотвeни  во близина на мостот веднаш да ги отстранат. Потсетуваат на  универзалното правило пловни објекти да не се паркираат под мост посебно кој што се подига. Од охридската капетанија најавуваат изрекување санкции за сопствениците кои нема да го почитуваат ова правило во пловниот сообраќај.

 |  Валентина Неловска  | 

Сопствениците на пловните објекти кои ги закотвиле своите чамци во непосредна близина и под мостот на каналот веднаш да ги отстранат, повикуваат од охридската Капетанија.

„Пловните објекти кои се под мостот Билјанини извори да бидат дислоцирани бидејќи се врши попречување на пловидбата“, напоменува Горан Устијаноски капетан на Капетанија на Пристаништата на РМ.
Устијаноски потсетува на универзалното правило во пловниот сообраќај, бродчињата и чамците да не се паркираат под мост.

„Се стеснува пловниот пат посебно под нашиот мост кој некогаш се подига и остануваат на местото попречени пловни објекти под самиот мост. Благовремено да ги подигнат за да нема одредена штета нанесена од другите пловни објекти врз нив. Тие сами ќе бидат виновни “, појаснува капетанот Устијаноски.

Во каналот има се повеќе бродови со повисока вредност, па за да нема непријанти ситуации добро е сите да бидеме разумни, повикува Устијаноски. Од охридската капетанија најавуваат изрекување на санкции за сопствениците кои нема да го почитуваат ова правило во пловниот сообраќај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top