Post Views: 1
Годишните сметки на јавните претпријатија под лупата на советниците. Утрешната четириесет и петта седница воглавно ќе мине во знакот на финансиите. Дваесет и пет точки се најдоа на дневниот ред за утрешната седница на Советот на општина Охрид. Ќе се расправа околу годишните сметки и финансиските извештаи на охридските основни и средни училишта, кои по навика знаат брзо да бидат усвоени. Она што привлекува особено внимание, се годишните сметки и финансиските извештаи на охридските јавни претпријатија и тоа „Охридски Комуналец“, „Градски пазар“, „Погребални услуги“, „Градски...
Post Views: 1
ВМРО-ДПМНЕ со забелешки и за остатокот од точките на дневниот ред на утрешната седница. Трн во око за советниците од ДПМНЕ беа предлогот за ново кредитно задолжување на Јавното претпријатие „Нискоградба“, извештаите за работата на секторите во Локалната, но особено жестоки реакции имаше на предлог цената за гробарина.„Јавното претпријатие гробишта со дозвола на мнозинството во Советот буквално ги ограби граѓаните со давачка од 1.200 денари по гробно место за тнр.гробарина за 2011 година. Во сегашниот предлог предлагачите предвидуваат гробарината да изнесува 720 денари...
Post Views: 7
Градоначалникот Александар Петрески ги искара советниците на ВМРО – ДПМНЕ, дека не ја почитуваат демократијата, затоа што без да ја слушнат и другата страна се повлекоа од седницата. Тој рече дека тоа е очекувано од нивна страна, но правилата на игра биле поинакви, доколку сакаат да ја напуштат седницата тоа да го направат кога ќе се гласа за одлуката. Инаку Петрески на седницата и пред останатите советници го повтори неговото вчерашно излагање од прес конференцијата, каде образложи на што се должи бранот на поскапување на давачките на ниво на општината.Желен за жестока...
Post Views: 0
Охридските советници во петок ќе ги засукаат ракавите. Дневниот ред иако сиромашен, точките кои се најдоа таму се од исклучително значење за Охриѓани. Свое место таму како што беше ветено пронајде и контроверзната точка за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за гробарина. На 27-ми Јануари со почеток во 10 часот ќе ја одржат првата седница во новата година.
Четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид нема да биде опширна како претходните бидејќи на неа се најдоа само десет предлог одлуки. Иако сиромашна со точки, сепак не и...
Post Views: 0
Вака е насловено писмото кое до нашата редакција го испратија група граѓани кои се незадоволни од односот на Градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид за процесот на донесување на деталните урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера.
Во писмото стои: „Дозволете преку Вашиот ценет медиум јавно да го изразиме нашиот револт од односот на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид кон процесот на донесувањето на деталните урбанистички планови. Сметаме дека таквиот однос може да се опише со онаа народната- “за едни мајка за други маќеа”,...
Post Views: 3
Повторно ќе се разгледува висината на надоместокот за гробарина. Износот од 1200 денари годишно за одржување на гробните места, како гром од ведро небо ги погоди Охриѓани. Сепак според координаторот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“, Драган Пандески иако надоместокот е висок, сепак е реален. Пандески вели: Нашата анализа вели дека одржувањето на гробиштата не е само одржување на тие два метри квадратни, туку одржување на цела инфраструктура и на целата површина од 140.000 метри квадратни и 8350 гробни места.“ По многуте реакции од страна на граѓаните, проблемот...
Post Views: 0
Утре ќе се одржи 42 седница на Советот на општина Охрид. Дневниот ред составен од 44 точки ветува сериозна дискусија. Најзвучна и веројатно најважна точка на дневниот ред е предлог буџетот на општината за 2012 година. Оваа точка е редовно извор на несогласувања помеѓу советниците, па останува да видиме за што е планирано да се трошат општинските пари. Сепак, буџетот не е единствената интересна точка на дневниот ред. Тука се и неколкуте точки за програмите за работа на јавните претпријатија од градов. Иако изгледаат неатрактивно, сепак работењето на охридските јавни претпријатија...
Post Views: 26
Охрид и охриѓани го прославуваат денот на ослободувањето на Охрид, ден од историјата на македонскиот народ кој ни донесе слобода од фашистичкиот окупатор и отвори нова страница во развојот на нашиот град. „Заеднички го славиме овој голем ден и им оддаваме почит на учесниците во Народно – ослободителната и антифашистичка војна во Македонија, особено на оние кои ги положија своите животи за ние да живееме во слободна, самостојна и независна држава. Како генерација ние сме одговорни да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста и да...
Post Views: 1
Продлабочување на проблемите во РЕ „Водовод“. Дали е дојден крајот и до кога ќе тоне оваа единица. Претпријатието трпи 25 милиони загуба или 300%, во споредба со минатата година. Ова го зборуваат податоците на шест месечниот извештај од работењето на оваа единица, забележува Јованка Дамоска Секулоска советничката на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид. Таа рече дека треба сериозно да се загрижиме за понатамошното функционирање на претпријатието, како и тоа дека се налага потреба од итно детектирање на причините поради овие проблеми, за да се решат.Ние укажавме дека со формирањето...
Post Views: 2
Четирисеттата седница на Советот на општината ги умори Охридските советници. Препукувањата околу предлог одлуката за поставување јавна набавка во врска доделување договор за реконструкција на дел од уличното осветлување кои деновиве беа дел од медиумскиот интерес, продолжија на седницата на советот, а резултат беше не изгласувањето на истата, речиси едногласно. Зелено светло доби предлог одлуката за формирање Совет за превенција на малолетничко претставништво, која од говорницата ја поздрави и Александар Лазоски претставникот на УНИЦЕФ, за Македонија. Помина и предлог...
Post Views: 5
Дали ги знаете точните димензии на вашата парцела? Дали некогаш сте се обиделе да ги споредите урбанистичките и катастарските планови на вашиот имот? Постои можност димензиите на вашата урбанистичка парцела да не се поклопуваат со димензиите на катастарската парцела-овој проблем го истакна началникот на секторот за урбанизам и просторно планирање на продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид.
Презентирајќи ја предлог одлуката за утврдување Нацрт урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани, Арнаудов потенцираше дека ова...
Post Views: 2
Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“...