Исцрпен дневниот ред од 39-та седница на Советот на општина Охрид

Продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид помина релативно глатко. Од последните девет точки на дневниот ред, пожестока дискусија се разви само за предлог одлуката за долгорочно кредитно задолжување на јавното претпријатие „Градски гробишта“.

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica na sovet
седница на Совет

sednica na sovetЗаврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Братство единство“ и во општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“-Охрид. Веќе очекувано најмногу прашина се крена околу предлог одлуката за долгорочно кредитно задолжување на ЈП „Градски гробишта“. Советникот Пандески од редовите на НСДП објасни дека станува збор за апсолутно наменско задолжување.

„Неопходно за јавното претпријатие е и спроведувањето на уште два проекти и тоа изградба на четири јавни тоалети низ кругот на гробиштата и тоа три во христијанскиот и еден во муслиманскиот дел од гробиштата и најбитното, изградба на муслиманска капела која навистина е од интерес на граѓаните и барање од граѓаните со муслиманска вероисповест, меѓутоа и од самата муслиманска заедница.“-вели Драган Пандески-Советник од НСДП

sednica na sovetСоветничката група на ВМРО-ДПМНЕ го повтори својот став околу оваа предлог одлука, односно дека ова задолжување е непотребно и дека јавното претпријатие треба да пронајде други начини за да ги реализира своите проекти.

„Незамисливо е дејност која што е од монополски карактер, управување со гробишта која што претходно ја вршеше ЈП Комуналец, а сега со формирањето на новото јавно претпријатие Градски гробишта да остварува загуби односно досега да не биле изградени тие објекти за кои што ги бараат средствата.“-рече Јованка Дамоска Секулоска-Советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа предлог одлука сепак не успеа да го преживее гласањето и беше единствена точка од дневниот ред на продолжението на 39тата седница која што не беше изгласана. Останатите 8 точки го добија зеленото светло од советниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top