Прва седница на советот на општината во 2012 година

Охридските советници во петок ќе ги засукаат ракавите. Дневниот ред иако сиромашен, точките кои се најдоа таму се од исклучително значење за Охриѓани. Свое место таму како што беше ветено пронајде и контроверзната точка за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за гробарина.

 |  Мишел Наумоски  | 
седница
седница

sednicaОхридските советници во петок ќе ги засукаат ракавите. Дневниот ред иако сиромашен, точките кои се најдоа таму се од исклучително значење за Охриѓани. Свое место таму како што беше ветено пронајде и контроверзната точка за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за гробарина. На 27-ми Јануари со почеток во 10 часот ќе ја одржат првата седница во новата година.

Четириесет и третата седница на Советот на општина Охрид нема да биде опширна како претходните бидејќи на неа се најдоа само десет предлог одлуки. Иако сиромашна со точки, сепак не и неинтересна по содржина. Една од поважните точки е секако и предлог одлуката за усвојување на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид.

На оваа седница свое место најде и Студенчишкото блато кое редовно претставува мотив за богата дискусија помеѓу советниците. Имено точката се однесува на изработката на интегрираната студија за состојбата со остатокот од Студенчишкото блато како и преземање на мерки за негова ревитализација. На оваа седница ќе се утврдува и висината на надоместокот за одведување на отпадни води, но и цената за вода, канализација и одведување и прочистување на отпадните води за корисниците од Охрид и Струга.

Како што беше ветено, на првата седница во 2012 година на дневниот ред се најде и точката за давање согласност на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на надоместокот на услгите што ги врши ЈП „Градски гробишта“-Охрид како и предлог одлуката за изменување и дополнување на надоместокот на услугите што ги врши ова претпријатие. Земајќи ги во предвид досегашните дискусии околу оваа точка, и оваа седница ветува многу во поглед на активната дискусија. Имено на последната седница во изминатата година, беше донесена одлука повторно да се разгледува висината на надоместокот за гробарина, кој предизвика сериозни реакции меѓу советниците, меѓутоа особено кај граѓаните на Охрид. На седницата ќе биде гласано и за предлог одлуката за подигање на спомен обележје на Богојавление-Водици. На дневниот ред уште се најдоа и предлог одлуките за усвојување на Локален акционен план за животна средина за Охрид, предлог одлуката за усвојување на методологијата за распределба на блок дотацијата за основно и средно образование во општина Охрид, како и предлог одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2012 година.

{loadposition content

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top