Советниците работно до крај-утре нова седница

Уште една предновогодишна седница на Советот на општина Охрид. 44 точки на дневен ред кои гарантираат опширна дискусија. Највпечатлива се разбира точката за предлог буџетот на општината за 2012 година.

 |  Мишел Наумоски  | 
седница
седница

sovetniciУтре ќе се одржи 42 седница на Советот на општина Охрид. Дневниот ред составен од 44 точки ветува сериозна дискусија. Најзвучна и веројатно најважна точка на дневниот ред е предлог буџетот на општината за 2012 година. Оваа точка е редовно извор на несогласувања помеѓу советниците, па останува да видиме за што е планирано да се трошат општинските пари. Сепак, буџетот не е единствената интересна точка на дневниот ред. Тука се и неколкуте точки за програмите за работа на јавните претпријатија од градов. Иако изгледаат неатрактивно, сепак работењето на охридските јавни претпријатија изминатава година беше трн во око на советничките групи од опозицијата. Со оглед на финансиската состојба во која се наоѓаат повеќето јавни претпријатија, програмите кои се предвидени за новата година се од исклучителна важност. Од другите точки можат да се издвојат програмата за образование, програмата за детска заштита, за спорт и програмата за култура. Покрај тоа предвидени се и неколку точки на дневниот ред кои се однесуваат на изработка на урбанистички планови, програми за заштита на животната средина, како и за уредување на градежното земјиште. На ова се надоврзуваат и точките од комуналната сфера, како што е програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води, и за изградба на системи за водоснабдување. Ќе се гласа и за програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и програмата за јавно осветлување кои по обичај најмногу ги интересираат граѓаните со оглед на честите поплаки кои ги имаат во оваа сфера.

Седницата е закажана за утре, со почеток во 9 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top