Локалната самоуправа и советот, за едни мајка, за други маќеа

Вака е насловено писмото кое до нашата редакција го испратија група граѓани кои се незадоволни од односот на Градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид за процесот на донесување на деталните урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера.

 |   | 
Opshtina
Opshtina

Вака е насловено писмото кое до нашата редакција го испратија група граѓани кои се незадоволни од односот на Градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид за процесот на донесување на деталните урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера.

OpshtinaВо писмото стои: „Дозволете преку Вашиот ценет медиум јавно да го изразиме нашиот револт од односот на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид кон процесот на донесувањето на деталните урбанистички планови. Сметаме дека таквиот однос може да се опише со онаа народната- “за едни мајка за други маќеа”, бидејќи процесот на донесување на ДУП за УЗ 1 дел од УБ 1.1 – Опфат Табана и ДУП за УЗ 2 дел од УБ 2.2 – Опфат Ривиера е блокиран и една година после презентирањето пред јавноста на нивните нацрти, додека за тоа време беа донесени голем број на урбанистички планови за други опфати.

Ги повикуваме и двете инстанци, кои согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, се дирекно одговорни за носењето на урбанистичките планови, јавно да ја лоцираат одговорноста за ваквата состојба, со што ќе стават крај на шпекулациите дека таа се наоѓа кај одредени поединци и советнички групи, кои во сето ова ги гледаат своите интереси.

Иаку овие планови се изготвени согласно важечките законски прописи- Законот за просторно и урбанистичко планирање, со Правилникот за стандарди и нормативи за планирање на просторот, Законот за заштита на културното наследство и Законот за прогласување на старотo градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, Градоначалникот Александар Петрески, како овластен предлагач според Деловникот на Советот на Општината повеќе од една година, не ги предлага на дневен ред на седница на Советот,

Индиферентниот однос на Градоначалникот Петрески кон ова прашање отиде до таму што не одговори дури ни на нашето барање до него да предложи дополнување на точката со Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Охрид во 2012 година, од последната седница на советот, со прашањето за блокадата во донесувањето на овие планови.

Сметаме дека со ваквата состојба се скратуваат правата на граѓаните загарантирани со Уставот на Република Македонија, и пред се се блокираат работите од јавен интерес, регулирани со горе наведените закони и заради нејзино надминување јавно го повикуваме Градоначалникот Петрески ова прашање да го постави на дневен ред на следната седница на Советот на Општина Охрид.

За крај сакаме да потсетиме дека согласно Законот за прогласување на старотo градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, во рок од една година од  влегувањето во сила на овој закон, Општина Охрид донесува детален урбанистички план со плански опфат во границите на Старото градско јадро на Охрид, во кој влегуваат и опфатите Табана и Ривиера.

{loadposition contant9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top