Post Views: 12
Македонските здруженија на слепи лица утре го одбележуваат меѓународниот ден на белиот стап. Сојузот на слепи лица од земјава постојано работи на подобрување на животот на своите членови. Во годините наназад лицата без вид оствариле повеќе социјални права и бенефиции. Најнова придобивка е онаа од здравството. Придружникот на слепото лице кое се лекува во болница да има бесплатен престој. Охридското здружение кое брои околу 90 членови остварило средба со новата Локална самоуправа. Славчо Џајкоски, претседателот на здружението на слепи лица информира дека добиле ветувања...
Post Views: 1
Google овие денови направи голем чекор во развојот на самовозачките автомобили. Овој технолошки гигант почна сам да произведува свои прототипи на автомобили на иднината и на тој начин си отвори простор за потполна дизајнерска слобода и претставување на интересни концепти, како што е овој автомобил без управувач.
Од Google напомнуваат дека трите прототипа кои моментално се користат како испитни модели првенствено се дизајнирани за посматрање и учење, а не за стил и удобност. Првиот фактор на кој се обрнува внимание е подобрување на сигурноста во сообраќајот и затоа ова...
Post Views: 3
Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот.
Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој во нивната програма предвидени се неколку сериозни проекти. Тоа пред...
Post Views: 6
Напредок на Охрид, економски развој и подобрување и развој енергетската состојба. Ова се дел од проектите за кои ќе се заложуваат кандидатите за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата доколку ги освојат симпатиите на охриѓани. Во нивно име денеска пред новинарите се обрати кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, успешен стопанственик, Климе Шешоски, основач и Управител на Фирмата Шешо инженеринг, која успешно работи и опстојува од 2001 година. Токму поради ова, појасна Шешоски решен сум целиот свој капацитет и кредибилитет да го ставам во функција на Охрид и како кандидат...
Post Views: 1
Свр Охрид максимално ќе биде ангажиран и во новава година. Новиот вршител на должност, началник на СВР- Охрид, Зоран Сарафилоски рече дека приоритет ќе му биде сузбивањето на насилството за што и лично ќе се завземе. Сарафилоски најави дека со жестоко темпо ќе продолжат и активностите за сузбивање на тешките облици на кршење на јавниот ред и мир.– Ќе бидам присутен на терен, ќе ги согледувам состојбите, ќе преземам мерки, а при тоа ќе нема прикривање на фактите. Ќе бидеме објективни и секогаш достапни за медиумите и јавноста, рече Сарафилоски.Портпаролот на СВР...
Post Views: 6
Согласно Меморандумот за соработка на земјите од Дримскиот басен, Македонија, Црна Гора, Грција, Косово и Албанија, деновиве се формираа работните групи кои во наредните години ќе работат на состојбата на животната средина во Дримскиот басен и околу подобрување на сите услови.
Формирани се три групи и тоа една за имплементација на Рамковната директива за води на Европската унија, втората за мониторинг на водите во Дримскиот басен и третата за заштита на биодиверзитетот и екосистемот.
„Работата на тие групи ќе биде оценета на 20ти Ноември, на состанокот на Дрим Кор групата...
Post Views: 13
Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет, глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков. „ Дискриминацијата е во поглед на платата, која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени...
Post Views: 5
Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот...
Post Views: 2
Во пресрет на туристичката сезона Охрид е безбеден. Денес на оваа тема се расправаше во Локалната самоуправа, пред повеќе релевантни претставници на надлежните институции. Актуелните проблеми на градот пред и за време на туристичката сезона повторно се најдоа на менито на дискусија пред присутните на состанокот. Тоа се бучавоста, нелојалната конкуренција на станоиздавачите, плажите и нивната намена, продавањето на храна на отворено, питачењето и друго. Градоначалникот Александар Петрески смета дека од нивна страна се презеле многу мерки во насока на подобрување на...
Post Views: 0
Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески.
Активните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните министерства...
Post Views: 0
Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и промени на дограмата, како...
Post Views: 13
За 2012 година, Локалната самоуправа од буџетот планира со 32 милиони денари да ги подобрува условите во основните и средните училишта. Училишните згради се стари објекти кои постојано бараат санирање и подобрување на училишните простории за учениците да имаат квалитетен престој во нив, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа. Во наредната година во најголем дел планирани се санација на подовите во училиштата, реконсрукцијата на санитарните јазли, замена на делови од кровните конструкции и дограмите. Во програмата за реконструкција на училиштата влегува и...