Кандидатот за советник Шешоски најави проекти за економскиот развој на Охрид

Советниците од ВМРО ДПМНЕ најавуваат проекти за економскиот развој на Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
VMRO DPMNE kancelarija
ВМРО ДПМНЕ канцеларија

Напредок на Охрид, економски развој и подобрување и развој енергетската состојба. Ова се дел од проектите за кои ќе се заложуваат кандидатите за советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата доколку ги освојат симпатиите на охриѓани. Во нивно име денеска пред новинарите се обрати кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ,  успешен стопанственик, Климе Шешоски, основач и Управител на Фирмата Шешо инженеринг, која успешно работи и опстојува од 2001 година.  Токму поради ова, појасна Шешоски решен сум целиот свој капацитет и кредибилитет да го ставам во функција на Охрид и како кандидат од советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата  за подобра иднина  да придонесам за нужниот напредок на Охрид.

„Во град каков што е Охрид, еден од главните носечките столбови на економскиот развој во идниот период ќе Kliment Sesoskiбиде подобрување и развој на неговата енергетската состојба. Во таа насока предвидуваме низа на мерки за потикнувањето на процесот на подобрување на енергетската ефикасност во градежништвото, пример преку намалување на комуналните давачки соодветно за секоја имплементирана енергетски ефикасна мерка т.е соодветно субвенционирање. Со тоа ќе ја подобриме и прошириме Програмата за енергетска ефикасност на Општина Охрид која е во моментов претесна.Тој исчекор ќе го направиме и со цел подобра припрема на објектите за новите енергетски пасоши кои ќе мора да ги има секој објект предвидени и кои ќе влијаат на цената на градбите токму како што предвидуваат Европскате директиви“, истакна кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ, Климе Шешоски.

Шешоски потенцираше дека во стратешкиот пристап ќе се движат кон искористување на главниот адут – потенцијал кој го има во Охрид, а тоа се обновливите извори на енергија со акцент и на туристичките капацитети т.е на нивно енергетска независност , а со тоа и подобра конкурентност во туристичката понуда.

Kliment Sesoski„Искористувањето на благодетот – сончевата енергија ќе продолжи и со иницијативата за помасовна изградба на сончеви централи за добивање електрична енергија што финансиски бенефит отвора нови можности за инвестиции. Сите овие мерки покрај економските придобивки има многу голем еколошки придонес кон почист и незагаден Охрид што е придонес плус кон нашата генерална заложба за туристички развој на Охрид“, истакна Шешоски.

Шешоски  упати апел до сопствениците на малите и средни претпријатија во Охрид , да ја поддржат советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, да ја игнорираат непринципелноста и неконкурентноста создавана од досегашната локална самоуправа, да ја игнорираат практиката на креирање долгови и ненаплатени побарувања и да се вклучат во новите текови за напредок на Охрид предводени од новата Локална самоуправа предводена од мнозинството на ВМРО ДПМНЕ и новиот Градоначалник д-р Никола Бакрачески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top