Одбележан светскиот ден на глувите лица

Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден.

 |  Валентина Неловска  | 
sportski igri
sportski igri

Со помала плата, институции кои не обезбедуваат толкувачи за глувите лица, без додаток за инвалидитет,   глувите лица од Македонија го одбележаа светскиот ден. Иако, Македонија ја потпиша Конвенцијата за заштита на правата на инвлидите, лицата со оштетен слух   се соочуваат со дискриминација, вели претседателот на македонскиот  Сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков.
 
gluvi „ Дискриминацијата е во поглед на платата,  која ја добиваат во однос на другите лица, таа е пониска. Во работните средини глувите лица иако се способни, вредни и одговорни тие се помалку платени и се жалат во Сојузот“, напоменува Марков.

Глувите лица  постојано се борат за подобрување на нивниот статус во општествената заедница. Работите се придвижуваат кон подобро, но сепак бројни нивни права се ставени на хартија, но тешко се реализираат во пракса, укажува Славица Стефаноска, претседател на охридскотo здружение на глуви лица.

„Законот за знаковен јазик не се спроведува  во пракса и по две години од неговото донеување. Институциите се обрзани според законот да им обезбедат толкувачи на глувите, а трошоците да паднат на товар на институциите. Но, институциите немаат слух за глувите лица, посебно за нивните животни прашања.“

gluviНа одбележувањето на светскиот ден на глувите лица во Охрид присуствуваше  делегација од соседна Бугарија. Нејзиниот претседател и  почесен член на светското здружение на глуви, Васко  Панов, кажува дека и глувите лица во нивната земја се соочуваат со слични проблеми.

  „ Со усвојување на Конвенцијата на ОН е направен голем чекор за подобрување на целокупната ситуација на глувите. Тоа е голем и важен чекор“, потенцира Панов.

И покрај бројните прблеми и потешкотии со кои се среќаваат овие  лица тие се одликуваат со  голема доза на оптимизам и ведрина. Во текот на одбележувањето на светскиот ден  во Охрид, тие покрај работниот дел од предавањето за семејното насикство, приолагодено за нив, како да го препознаат и да се справат, спортуваа и се дружеа.

Денес, светскиот ден на глувите го одбележаа 80 милиони луѓе. Во Македонија оваа бројка е околу 6000  глуви лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top