Post Views: 4
Едно од најинтересните прашања на денешната 39 седница на Советот на општина Охрид беше секако предлог одлуката за кредитно задолжување на јавното претпријатие „Градски гробишта“. Кредитот во висина од 60.000 евра наменет за тековни инвестиции не наиде на одобрување кај советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Како и кај сите досегашни предлози за задолжувања на јавните претпријатија, советниците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека тие се непотребни и неоправдани и дека се резултат на избрзани одлуки на локалната самоуправа.
„Мислам дека како претпријатија што имаат монополска позиција...
Post Views: 0
Стартот на учебната 2011 / 2012 година, во основните и средните училишта, започнува со низа измени кои се однесуваат и за наставниците и за родителите. Едни измени и дополнувања на Законот за основно образование стартуваат од септември, а другите од јануари идната година. До 20 септември училиштата имаат обврска да достават до државниот инспекторат за обарзовани еи наука програми за организирање часови за дополнителна и додатна настава. Наставниците ќе мора да испланираат термини за изведување на овој вид настава. Законодавецот увидел дека семејниот буџет се празни...
Post Views: 2
Стадо овци ги става на милост и немилост жителите на Орман. Тие мора секојдневно да се носат со непријатната миризба која се шири, но и со остатоците од фекалии. Сопственикот на овие стотина овци со години го носи своето стадо на пасење во месноста Блато за која има склучено договор за користење, но проблемот е што тој секојдневно поминува по патот кој оди низ селото. Жителите на Орман, налутени се пожалиле до надлежниот инспекторат за животна средина. По разгледувањето на жалбата, инспекторатот издал решение според кое сопственикот на стадото не смее да го користи...
Post Views: 0
Пензионерите од општините Охрид и Дебрца со фантастични резултати од републичките спортски натпревари за пензионери. Организаторите на републичкиот натпревар изненадени, но од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца велат дека резултатите се очекувани со оглед на големиот труд кој сите пензионери го вложиле во припремите. Тие своите полици ги закитија со два пехари од кои едниот останува кај нив, а другиот е преоден пехар. Стрелаштво, шах, домино, тргање на јаже, трчање на 60 метри, се само дел од дисциплините во кои активно учествуваа нашите пензионери.
„На овие...
Post Views: 7
Еден од најзначајните македонски композитори и пијанисти Дуке Бојаџиев, вечерва на „Охридско лето“.
После неговиот спектакуларен настап во Карнеги Хол во Њујорк, сега и македонската публика ќе може да ужива во проширеното издание на овој негов концерт. Камерниот состав на Македонската филхармонија, под дирегентската палка на Саша Николоски – Ѓумар, како и голем број уметници гости, со своето учество ќе го збогатат ова несекојдневно музичко доживување.
Проектот „Love is the way“,кој својата премиера ја имаше во њујоршкиот „Карнеги хол“ на 16-ти април, сега и пред македонската...
Post Views: 0
Да се помага на луѓето е најважната цел на постоењето на човекот. Оваа универзална вистина е зацртана во уште една хумана акција на Здружението „Хумано срце за сите“. И оваа година како и минатата, здружението ќе организира хуманитарни концерти во Охрид и Струга, на кои ќе настапат ѕвездите од македонската музичка естрада. На овие концерти ќе настапи и охридската група Силви бенд кои се и заштитно лице на Здружението.
„Сето ова мислам дека е најдобар начин да ја побуди хуманоста кај децата пред се, но и да не потсети нас дека во основа на нашето битие треба да е благородноста...
Post Views: 2
Религиските теми и начинот на нивно медиумско презентирање често нудат многу контроверзии. Причината за ваквата состојба лесно може да се пронајде во недостигот на комуникација помеѓу религиозните групи и медиумите. Токму во насока на подобрување на соработката на овие два субјекти е и дводневната работилница од проектот „Толеранција, дијалог, соработка“ која се одржа во Охрид.
Религијата е чувствителна тема и за оние кои ја практикуваат и за оние кои известуваат за неа. За да се избегнат грешките кои многу лесно можат да се направат, нивото на соработка помеѓу религиозните...
Post Views: 1
Охриѓани како создадени за математика. Доказ за тоа се нашите осмоодделенци Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски од ОУ Христо Узунов и Григор Прличев кои се вратија со блескави медали од математичката олимпијада во Кипар. Вистински куриозитет е тоа што Теодора и Виктор за да ги освојат овие медали единствено се подготвувале со своите наставници или пак си решавале по дома. Замислете го успехот што би го постигнале доколку со нив би работел цел еден тим кој ќе им помага во нивното учење. Тие денес се сретнаа со градоначалникот Петрески и ги пренесоа своите импресии...
Post Views: 0
Уништувањето на бројните фрески во Охридските цркви, мозаиците и останатите археолошки артефакти подолго време беа резултат на недостокот од наши стручни лица конзерватори. Така, за санација и решавање на проблемите најчесто беа ангажирани странски конзерватори. Во последно време Управата за заштита на културното наследство прави обиди недостатокот од конзерватори на нашето огромно културно богатство да се надмине. Во таа насока, шестмина странски специјалисти се ангажирани во две летни школи да обучуваат 15 –тина млади македонски конзерватори во повеќе дисциплини....
Post Views: 10
Пуштени во употреба 6 Т– понтонски мостови, на 6 локации долж брегот на Охридското езеро. Целта е збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонија. Понтонските мостови или платформи се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти, чамци, глисери, лесни бродови или скутери. Овие платформи поставени се на потегот од с. Трпејца до село Радожда. На овие локалции Македонски Телеком о Т – Мобиле, поставија и telekom Hot Spot точки преку кои сите посетители ќе можат да се приклучат на интернет и промотивно да сурфаат бесплатно...
Post Views: 5
Со години, омбудсманот во нашата земја, детектира нечовечни услови за жиеење во затворите, казнено поправните домови како и психијатриските болници. Што се однесува до полициските станици пак и покрај веќе преземените мерки за подобрување на условите во нивните одделениа за притвор, треба уште многу да се преземе. И тоа покрај во решавањето на инфраструктурните проблеми во овие установи, соодветни акции треба да се превземат посебно уште и во насоката на подобрување на однесувањето на полициските службеници, нивната доедукација или реедукација. Нашите извештаи говорат...
Post Views: 5
ОО на Црвениот крст и Сава Табак осигурување организираа заедничка крводарителска акција. Одзивот на Охрѓани огромен. Тие и овој пат покажаа дека се хумани и дека се редовни посетители на овие акции. „Заедничката акција која ја спроведуваме со Сава Табак е добар пример и за останатите компании за тоа како треба да му помагаат на населението“, вели секретарот на ОО на Црвениот крст, Антонио Додевски.
„ Повод за оваа акција е која ја организираме во пресрет на светскиот ден на крводарителството 14 јуни и воедно денот на Сава Табак. Охриѓани се хумани и покрај се граѓаните...