Стадо овци налутија цела месна заедница

Жителите на Орман се приморани секојдневно да живеат со непријатна миризба и остатоци од фекалии. Проблем прави стадо од околу стотина овци. Нивниот сопственик секојдневно ги води на пасиштето во месноста Блато за кое има склучено договор за користење. Сепак непријатната миризба и фекалиите ги налутиле останатите жители кои се пожалиле до овластениот инспекторат за животна средина. Решение засега нема.

 |  Мишел Наумоски  | 
Орман
Орман

ОрманСтадо овци ги става на милост и немилост жителите на Орман. Тие мора секојдневно да се носат со непријатната миризба која се шири, но и со остатоците од фекалии. Сопственикот на овие стотина овци со години го носи своето стадо на пасење во месноста Блато за која има склучено договор за користење, но проблемот е што тој секојдневно поминува по патот кој оди низ селото. Жителите на Орман, налутени се пожалиле до надлежниот инспекторат за животна средина. По разгледувањето на жалбата, инспекторатот издал решение според кое сопственикот на стадото не смее да го користи патот кој минува низ селото или пак доколку го користи, секојдневно да го чисти овој пат.

„Во самата близина на селово, заобиколен пат постои кој пред десетина година го користеа истите, сега овие последни десетина години, петнаесет почнаа и низ село да го користат. Така да разбирање со добар начин не најдовме па моравме да се жалиме во институциите.“ вели Борис Стојаноски-Претседател на месна заедница Орман

Boris StojanoskiСе обративме до општинскиот инспекторат каде што беа добро запознаени со конкретната ситуација.

Од општинскиот инспекторат велат дека ова не е прв пат да се реагира на овој проблем. Жителите на Орман и претходно се жалеле до надлежните за нивната ситуација, а како единствено решение се наведува дислокација на стадото, но барем досега не е пронајдена соодветна локација за да се спроведе ова решение.

„Ова решение пред година дена е донесено и сега тоа решение тие не го почитуваат, тие не доаѓаат сега да го извршат решениево. Не тераат да се жалиме на суд, меснава заедница за да ги соприме овците да не поминуваат низ село. Тоа е нивна работа, од институцииве, фактички од инспекторатот да си преземат мерки, дури треба да ги дадат и на суд, за да го спроведат решениево.“-рече Јордан Мицкоски-жител на нас.Орман

По се изгледа дека барем засега стадото овци останува на своето место, а жителите на Орман ќе мора уште малку да причекаат на решение на овој проблем. Останува уште да видиме колку брзо ќе биде пронајдена локација која ќе ги задоволи барањата на сите засегнати страни.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top