Ознака: овие

nagradena slika

Молитва за радоста

Post Views: 0 Охридскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешната изложба насловена “Големите мајстори на утрешнината” што се одржа од 22 до 24 октомври во Музејот Лувр во Париз. Како доказ за вистинската вредност на неговите уметнички дела е и почитта што му ја укажа Јапонската Асоцијација за современа уметност, прво поканувајќи го да биде дел од нивната изложбена колекција, а потоа  доделувајќи му специјална награда за неговата слика “Молитва за радоста”. Присуството на Јордан Манасијески на Големите изложби во Париз започна пред две години на Есенскиот...

Continue reading

dup

„Табана“ и „Кеј“ сеуште не се О.К.

Post Views: 3 Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување....

Continue reading

sednica

Утре пред советниците жешки планови

Post Views: 3 Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени  на атрактивни локации во централното градско подрачје. Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...

Continue reading

Каков е квалитетот на храната што ја конзумираме?

Post Views: 6 Пред година и пол, надлежните институции воведоа забрана за десетина препарати кои македонските земјоделци ги користеа со години наназад. Дали овој чекор е доволен за реализација на интегралното производство на храна кон кое се стремиме? Се наметнува и прашањето колку со ова ќе се внимава на безбедноста на храната? Станислава Лазаревска, претседателот на Здружението за заштита на растенијата во РМ, изјави дека ретки се државите во светот кои со органско производство на храна би можеле во целост да ги задоволат потребите за храна на национално ниво. Kај нас овие потреби...

Continue reading

sokace

И на малите улици им дојде ред

Post Views: 0 После неколку децении чекање, ќе бидат санирани и некои од малите улици во градов. Жителите кои живеат на четирите мали улици, кои ги поврзуваат улиците „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“, се жалат дека веќе со децении чекаат да бидат санирани нивните улици. Од Оддлелението за сообраќај и комунален развој при Општина Охрид, најавуваат дека при крај се подоготовките за реализација на мини проектот со кој ќе се реши овој проблем. Советникот за улици и патишта Зоран Шикалески, вели дека само една од овие улички е во функција и тоа онаа која е најблиску до ОУ „Христо Узунов“,...

Continue reading

baraki Zeleznicka

Неизвесно решавањето на станбениот проблем на дел од жителите од Кленоец

Post Views: 14 Продолжува неизвесноста со решавањето на станбениот проблем на 12-те семејства  од улицата Железничка. Засега нема ништо од ветувањата дека со изградбата на Железничка ќе добијат соодветно пристојно сместување. Останува нејасно  кога и каде тие ќе бидат сместени. Сега, коловозната лента поминува буквално пред  влезовите на нивните трошни, субстандардни, импровизирани живеалишта. Жителите од бараките на Железничка не сакаат јавно да зборуваат за своите проблеми. Разочарано  само додаваат дека се заборавени од државата и од локалната. Тие  велат дека досега никој не...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Предвремени локални избори, спас за кризата во Охрид

Post Views: 8 После нецели две години владеење од вториот мандат на актуелниот градоначалник Александар Петрески, време е тој да се преброи и да си замине, вака неодамна му порача претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Тој додава дека многу факти зборуваат за неговото неодговорно управување со Локалната самоуправа и злоупотреба на граѓаните на општина Охрид, небирајќи начин и средства како да ги спроведе своите лични интереси. Иако во ОК на ВМРО ДПМНЕ со нескриени страсти зборуваат за потреба од предвремени избори, тие сеуште немаат предлог за свој кандидат. Михаилов...

Continue reading

crven krst

Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

Post Views: 2 СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и црвен крст. Во контекст на овие целни групи овој проект е најголем од ваков вид во Р Македонија“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски. Тој додаде дека оваа сезона ја започнаваат со нова кампања во која се вклучени повеќе лица од Охрид – од светот на музиката, естрадата, култура…. „ Сметаме...

Continue reading

bazen

Отворениот базен ќе се гради по словенечки урнек

Post Views: 5 Отворен базен и марина, приоритети на локалната за овој период. Охрид не смее да ја дочека летната сезона без овие објекти – вели градоначалникот Александар Петрески. Искуствата за овие градби Петрески вели дека ќе ги црпиме од Словенија, за што пред една недела веќе беше остварена посета на оваа земја. „ Имам договорено средби во Охрид каде треба да дојдат потенцијални инвеститори. Во тек се и урбанистичките планови за средување и на постоечките марини, но и изграба на нови. Тоа треба да го направиме, за налето да бидат готови“, вели градоначалникот Александар...

Continue reading

Кој даде амин за поставување на уште еден екран на плоштадот?

Post Views: 9 ТВМ во петочното издание на дневникот информираше во врска поставувањето на информативен екран во близина на градскиот плоштад. И денес на овој простор, нашата камера забележа дека продолжуваат работите околу поставувањето на истиот. Повторно се обидовме да стапиме во контакт со раководителот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов, кој и денес, како и изминатите три дена, повторно не беше достапен, за да одговори на прашањето како на таа локација е дозволено поставување на огромен екран, токму пред јарболите за поставување на знамиња и пред спомениците. Потребен...

Continue reading

transformator

Пази струја!!!

Post Views: 8 Негрижата за одржување и обезбедување на овие електрични уреди е очигледна. Последниот трагичен настан во Струга кој беше резултат на неправилно ракување со електричната енергија, како да не беше доволно предупредување за посериозен пристап кон решавањето на овој проблем. Необезбедени  Енергетски трансформатори за дистрибуција на електрична енергија во населбата „Гоце Делчев“. Некои од овие трафостаници, веќе неколку месеци се со отворени врати и разводни табли изложени на атмосферските влијанија како и човечки контакт, додека други пак, едвај им одолеваат на надворешните...

Continue reading

sredba

Ќе останеме ли без највредните икони?

Post Views: 3 Се позачестен е бројот на кражби на ова наше единствено културно наследство, посебно од црквите во руралните средини. Само пред две недели од црквата Свети Атанасиј во Луково струшко, беа украдени 21 икона. Иконите кои се украдени се насликани од синот на Дичо Зограф, Аврам, последен живописец на икони на овие простори. Најстрашното е што ова не представува изолиран случај. Минатата година само за еден месец исчезнаа 42 икони цркви во овој регион. Мети на крадците беа иконите од црквата Св.Никола во Вевчани, отаму исчезнаа 4, од црквата Св.Архангел Михаил во селото Ташмаруништа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top