Дуке Бојаџиев и „Love is the way“

Еден од  најзначајните македонски композитори и пијанисти Дуке Бојаџиев, вечерва на „Охридско лето“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Duke Bojadziev
Дуке Бојаџиев

Duke Bojadziev - pressЕден од  најзначајните македонски композитори и пијанисти Дуке Бојаџиев, вечерва на „Охридско лето“.

После неговиот спектакуларен настап во Карнеги Хол во Њујорк, сега и македонската публика ќе може да ужива во проширеното издание на овој негов концерт. Камерниот состав на Македонската филхармонија, под дирегентската палка на Саша Николоски – Ѓумар, како и голем број уметници гости, со своето учество ќе го збогатат ова несекојдневно музичко доживување.

Проектот „Love is the way“,кој својата премиера ја имаше во њујоршкиот „Карнеги хол“ на 16-ти април, сега и пред македонската публика. Овој концерт престатвува една несекојдневна комбинација на изворна, класична, како и елементи од џез музика, споени во една малку еклектична форма, проткаена со поезија од мистикот поет  Руни од 13 век, како и неколку наши класици, Петре.М.Андреески, Константин Миладинов и Гане Тодоровски, вели Композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев.

„ Многу сум возбуден и можам да кажам повеќе од концертот во Карнеги Хол бидејќи овде сме во полн состав како што го замислував првично концертот, и навистина се радувам што го добивме овој датум, значаен датутм за Македонија и можеби најголемиот празник во годината, да ја собереме оваа екипа која сеуште не ми се верува дека успеавме да ги собереме сите овие луѓе од сите овие точки во еден ден, со таков распоред на живот каков што имаат да издовјат време да дојдат и да го изведеме оваа вечер“ вели Бојаџиев.

Гостите кои ќе бидат дел од проектот,  се Ара Динкијан, еден од најдобрите свирачи на уд во светот и секако и композитор и изведувач, кој 30 години го патува светот и оплеменува многу луѓе со својот звук. Динкјан изјави дека вчерашниов концерт е дело на една група уметници кои се толку различни, но се сепак обединети во содавањето на ова дело на Бојаџиев.

„Мислам дека имаме меѓу нас сличности и разлики, но она што Дуке Бојаџиев го прави, не обединува сите“, вели Динкајн.

Покрај Динкјан, дел од вчерашниот концерт е и перкусионистот Матијас Кунст ,кој има настапувано со имиња како ЈоЈома Лорин Хил и други, потоа Иан Бјукенан кој ќе ја рецитира поезијата на Руми и  кларинетистот Васко Дуковски, кој не го криеше задоволството пред вечерашниот настап.

Бојаџиев вели дека вечер ќе настпат во проширен состав, каде улогата на дирегентот Саша Николоски Ѓумар, ќе биде да му даде еден емотивен импулс на овој прекрасен музички настан. Инаку Дуке Бојаџиев е еден од  најзначајните македонски  композитори со  импресивна меѓународна  кариера. По дипломирањето на престижниот Беркли Колеџ живее и работи во Њујорк. Познат е по работата на полето на филмската музика и  современата музичка продукција, вклучително: „Пекол“ на Данис Тановиќ, „Сенки“ на Милчо Манчевски, „Созерцание“ на Иво Трајков и „Војната заврши“ на Митко Панов. Неговата музика е дел од рекламните кампањи на врвни светски брендови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top