Училиштата и родителите vs Законот за образование

Стартот на учебната 2011 / 2012 година, во основните и средните училишта, започнува со низа измени кои се однесуваат и за наставниците и за родителите.

 |  Валентина Нелоска  | 
ucenici
ученици

uceniciСтартот на учебната 2011 / 2012 година, во основните и средните училишта, започнува со низа измени кои се однесуваат и за наставниците и за родителите.
Едни измени и дополнувања на Законот за основно образование стартуваат од септември, а другите од јануари идната година. До 20 септември училиштата имаат обврска да достават до државниот инспекторат  за обарзовани еи наука програми за организирање часови за дополнителна и додатна настава. Наставниците ќе мора да испланираат термини за изведување на овој вид настава. Законодавецот увидел дека семејниот буџет се празни затоа што родителите на голем дел од учениците плаќаат приватни часови за дополнителна настава во приватни училишта.

rasporedДиректорот на ОУ„Св. Климент Охридски“ смета дека тие се во поволна положба затоа што работат само во една смена, а во другите училишта ќе биде потешко да се организира сетоа тоа. Доколку не се реалираат овие чaсови  наставниците ќе биудат казнувани.  Законодавецот оставил можност училиштата овој вид настава да ја изведуваат во сабота затоа што учениците во текот на редовната настава и по завршувањето  на 7 часа се физички и психички истоштени, по што се доведува во прашање целта на дополнителната настава. Директорката  Илиќ смета дека сепак одлукат дали дополнитената и додтанат настава ќе се изведува во саботите треба да биде на државата или општината , а не на училиштата поединечно.
Од јануари 2012 година има измени и за родителите чии деца имаат проблематично однесување и слаби оценки во училиштата, а  не се појавуваат на групните или индивидуалните термини за средба со класните раководители. Тие  ќе мора да посетуваат советувалиште за родители. Во спротивно ќе се алармира и центарот за социјални  грижи , а ќе се поведуваат и прекршочни постапки по што следуваат и високи парични казни.
За функционирање на Советувалиштето за родители училиштата  треба да формираат педагошки служби.Тоа мор да биде тим од стручни лица, психолог и педагог или социолог. Останува праѓањето колку основните и средните општински училишта ги имаат  овие кадри за упешно  да се реализираат законските измени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top