T – Mobile брендира 6 плажи во Охрид

Пуштени во употреба 6 Т– понтонски мостови, на 6 локации долж брегот на Охридското езеро. Целта е збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонија. Понтонските мостови или платформи се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти, чамци, глисери, лесни бродови или скутери. Овие платформи поставени се на потегот од с. Трпејца до  село Радожда

 |  Татјана Маленкова  | 
pontonski mostovi
понтонски мостови

pontonski mostoviПуштени во употреба 6 Т– понтонски мостови, на 6 локации долж брегот на Охридското езеро. Целта е збогатување на понудата за забава и рекреација во најголемиот туристички центар во Македонија. Понтонските мостови или платформи се наменети за вкотвување на лесни пловни објекти, чамци, глисери, лесни бродови или скутери. Овие платформи поставени се на потегот од с. Трпејца до  село Радожда. На овие локалции Македонски Телеком  о Т – Мобиле, поставија и telekom Hot Spot точки преку кои сите посетители ќе можат да се приклучат на интернет и промотивно да сурфаат бесплатно и неограничено.

pontonski mostovi„ Брендиравме неколку плажи, поточно 6. Направивме 6 пристапни места ставивме пластични мостови заради сигурност и заради непречено и контролирано пристигнување на чамците и глисерите и скутерите. Тука имаме и една плажа ќе го видиме каков е одзевот кај граѓаните и мештаните сега засега гледам дека има внимание од сите страни. Верувам дека ќе придонесе да се подобри квалитетот на услугите кои Охрид ги нуди во престојната сезона, а нашиот дел е да придонесеме за развој на Македонија, нови работи во Македонија. Сите овие пристапни места имаа и ХОТ СПОТОВИ – бесплатни“, истакна Жарко Луковски, главен извршен директор на Т – Мобиле.

Луковски додаде дека сите брендирани места ќе бидат означени со големо Т, кое годинава ќе биде знак на Охрид.

„Се надевам дека ќе го добиеме она што сакаме, а тоа е дека се грижиме да Охрид и Македонија, но и за нашите корисници“, истакна главен извршен директор на Т – Мобиле.

Пуштањето во употреба на понтонските мостови на македонски телеком и Т – Мобиле се одржа на плажата „Потпеш“, на која настапија ѕвездите од М2 Продукција и Влатко Илиевски.

Домаќините во знак на благодарност на директорот на Т – Мобиле, му подарија копија од крст кој за Водици се фрла во Охридското езеро.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top