Ознака: кои

angelovski zoran

Четири хотели ќе никнат во НП Галичица

Post Views: 0 Идејата и проектот е на Министерството за транспорт и врски. Од таму уште во 2010 год од НП Галичица побарале информација за одредување на локации на кои би можеле да се изградат сместувачките капацитети. Изборот кој го предложиле од паркот се локации во населени места, поточно не во строго заштитената зона, населбата Коњско на преспанска страна, во селото Коњско на Охридска страна, на Корита. „ Согласно планот за управување и проектниот план кој е изработен во НП вакви активности се дозволени единствени во зоната за одржливо искористување. Оваа зона ги опфаќа населените...

Continue reading

Goce Simonoski

Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната

Post Views: 6 Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои  е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на  саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални  агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една.  Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната самоуправа...

Continue reading

priracnik

Охриѓани, платете данок!

Post Views: 1 Се можеш да заборавиш, ама данок не! Македонскиот синдром, се да се прави во последен момент, важи и за оваа законска обврска на граѓаните. Секој граѓанин кој остварил приходи во земјата или странство, во текот на 2011 година, должен е истите да ги пријави во Управата за Јавни приходи, со поднесување на годишна даночна пријава, освен граѓаните кои оствариле приходи од плата, пензија, самостојна дејност или земјоделска дејност. На охриѓани, изгледа и на само една недела до истекот на крајниот рок, не им се брза. „Крајниот рок е 15-ти март. Побарав малку помош од персоналот...

Continue reading

EMO

Кривична пријава за 11 раководители кои го оштетиле „ЕМО“

Post Views: 7 Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 11 лица, за сторено шест кривични дела, со кои, оштетено е акционерското друштво „Емо„ Охрид.Пријавата е поднесена против поранешниот генерален директор на „Емо„ Љ.С.(60) против неговите помошници за правни и финансиски работи К.М.(62) и  К.С.(54) како и против осум други лица, членови на одборот на директори: З.П.(51) К.В.(50) Д.М.(55) Н.Д.(60) З.Ц.(55) З.К.(54) М.С.(57) и С.Б.54), сите од Охрид, поради основи на сомнение дека , го сториле   кривичното  дело: „Злоупотреба...

Continue reading

FTU konferencija

Еминентни стручњаци од областа на туризмот во Охрид

Post Views: 2 „Услужниот сектор во услови на променливо опкружување“, тема на меѓународната конференција која се одржува во Охрид, во Организација на ФТУ. Темата на конференцијата иако звучи малку апстрактно сепак е апсолутно актуелна и е поврзана со кризата на која сме сведоци и се надеваме дека дека дел од решенијата и дел од согледувањата на идните патишта  ќе бидат предложени токму на овој собир во Охрид. На конференцијата се пријавени 135 учесници од 14 земји, а дел од неа ќе бидат и четири врвни стручњаци во својата област од светски рамки кои ќе бидат и пленарни предавачи. „...

Continue reading

zgradi

Нашиот Закон за домување, изработен како за Њујоршката 5-та Авенија?

Post Views: 1 Никако да успее имплементацијата на Законот за домување.  Меѓу народот сеуште владее непознавањето и дилемите околу обврските и поволностите кои ги носи овој закон. Многумина се прашуваат што ќе стане со куќните совети, кој треба да вработи домар или управител, колку вработени треба да бидат во негова служба, кој и како ќе ги плаќа и што доколку некој не го почитува Законот? Законот за домување беше донесен во 2009 година, а со него се регулираа односите на сопствениците на становите и лицата кои се овластени тие односи да ги спроведат. Новина е потребата од воведување...

Continue reading

kuka

Започна изградбата на куќата на Ајри Доко

Post Views: 0 Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска. „Ние како надлежна институција бидејќи објектот е заштитен со поединечно решение и претставува поединечно споменично...

Continue reading

Ohridsko ezero

Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

Post Views: 1 Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....

Continue reading

Atanasko Mihailov

Михаилов контра Алче

Post Views: 1 „Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје. „За Сашо Алче варењето на грав и автоклавирањето...

Continue reading

c+

Спасуваме луѓе од завеани села или кубуриме со скапа опрема?

Post Views: 6 „Ние веќе пет години се обидуваме да апелираме на разни начини и на локалната и на централната власт, ние луѓе постоиме, ние сме тука и сите знаат, затоа што кога има ситуација сите се јавуваат, дали имате шанса некако. Имаме ама како? Еве ние тука сме, за 15 минути ќе се мобилизираме, екипата ќе е спремна да излезе на терен, со што? Со патничко моторно возило? Па тогаш правиме комбинации дали возило од граничната полиција, каде да дојде, тогаш се комплицира целиот систем. Затоа вие ако имате систем сето тоа ќе си е на место.“-рече Додевски.Често се случува да не се...

Continue reading

Saso Alce pres

Алче нема намера да се извинува

Post Views: 1 Не се смируваат разгорените страсти помеѓу Алче и Михаилов. Не престануваат ниту низата обвинувања, навреди и клевети на адреса Центар за Јавно здравје, ЈП „Охридски Комуналец“ и обратно. Причина, медицинскиот отпад кој деновиве работниците на ЈП Охридски Комуналец го затекнаа во контењер на ул Сирма Војвода“, во близина на болничкиот комплекс. „Прозван сум и должен сум да му одговорам на Михаилов, зошто не се вакцинирани вработените на ЈП“, вели Алче. Алче тврди дека во овој момент Михаилов го уценува ЈП со авансно плаќање за извршување на вакцинирањето. Тој го потсети...

Continue reading

divi svinji

Странците сакаат да ловат на охридските терени ама птици

Post Views: 21 На охридските ловни терени странците сакаат да ловат ама ситен дивеч, велат од Здружението на ловци од Охрид. Тие се и концесионери на  5 -те ловни терени, со кои ќе стопанисуваат во наредните 10 години со терените за ситен дивеч и 20 години со ловиштата за крупен дивеч. Ловците велат дека засега интересот на странците е насочен исклучиво за лов на фазани и еребици. Во престојниот период има најави за лов на ловците од Италија, Албанија и од Грција. Засега, интерес за крупниот дивеч посебно за дивата свиња нема,  вели ловникот од Здружението на ловци Охрид, Зоран Целакоски.„За...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top