Нашиот Закон за домување, изработен како за Њујоршката 5-та Авенија?

 

Високи казни, но сепак слаба можност за имплементација на Законот за домување. Економската моќ на станарите е премногу слаба за реализација на истиот.

 |  Крсте Голабовски  | 
zgradi
zgradi

Никако да успее имплементацијата на Законот за домување.  Меѓу народот сеуште владее непознавањето и дилемите околу обврските и поволностите кои ги носи овој закон. Многумина се прашуваат што ќе стане со куќните совети, кој треба да вработи домар или управител, колку вработени треба да бидат во негова служба, кој и како ќе ги плаќа и што доколку некој не го почитува Законот?
Законот за домување беше донесен во 2009 година, а со него се регулираа односите на сопствениците на становите и лицата кои се овластени тие односи да ги спроведат. Новина е потребата од воведување на управител, порано познат како домар, кој пак треба да има лиценца, која ја издава Регулаторната комисија за домување. Управителот исто така треба да биде регистриран во централниот регистар, да вработи 5 лица од кои две треба да имаат висока стручна спрема, а три средна стручна спрема.
Но што се однеува до висината на казните за непочитување на законот, е тука дилеми и недоумици нема.

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на сопственик на стан или деловен простор во станбена зграда, односно закуподавач ако не определи управител или не регистрира заедница на сопственици.

TanasoskiРаководителот на охридскиот инспекторат, Танас Танасоски информира дека за жал во Охрид, досега нема вакви лица кои се лиценцирани и овластени да склучуваат договори со заедницата на сопственици или како што порано беа познати под името Куќен совет. Но според евиденцијата на Централниот регистар пак досега евидентирани се 178 заедници на сопственици или од 60-75% од вкупниот број на станбени згради кои постојат во Охрид. Назначувањето на Инспектори за домување пак, е регулирано со Законот за домување. Доколку постојат претставки, истите се праќаат до Државниот комунален инспектор, додека обврската на Општината е да вработи лица кои ги исполнуваат условите за инспектор, оние општи услови и да ги вработи како инспектор за домување, објаснува Танасоски.

„За жал во Република Македонија јас немам информација дека некоја општина вработила вакви лица кои ќе вршат инспекциски надзор и ќе го спорведуваат законот за домување“ потенцира првиот човек на охридскиот инспекторат.

Законот го спроведуваат државните инспектори, а инспекцискиот надзор треба да го спорведуваат инспекторите за домување. Оваа функција моментално ја вршат општинските комунални иснпектори. Ова е добар закон, но за жал економската моќ на сопствениците на станови тешко дека ќе ја дозволи неговата успешна имплементацијата, вели Танасоски. Причина, многу високите средства потребни за основањето на правниот субјект управителот, па неговата регистрација во Централниот регистар, отаварањето на жиро сметка, обезбедување плати за пет лица, и се тоа на трошок на сопствениците на станови. Но, имплементацијата на овој според Танасоски добар закон, би решила еден навистина голем проблем со кој се соочуваат.

„Јас мислев дека во почетокот ќе заживее овој закон, но како што рековме не заживеа. Но доколку се случи тоа, ќе имаме целосен увид во сопсотвеноста на сите овие викенд станови кои не знаеме чии се. Со спорведување на законот и Охрид многу ќе добие со имплементирање на овој закон бидејќи ќе имаме целосн увид во сите станови кои се направени и изградени, а сопствениците се од цела република, а и надвор од неа“, објаснува Танасоски.

Танасоски додава дека дури  20-30% од становите во Охрид се во сопственост на лица кои се на работа во странство или не се македонски државјани. Така, колку и успешно да изгледаат одредени закони на хартија, сепак нивната имплементација во реалноста од ден на ден станува се поневозможна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top