Post Views: 2
Светот е шокиран од изјавата на заменикот премиер на Русија, Димитриј Козак, за камерите кои го снимиле однесувањето на првите гости во хотелите. На Козак ова воедно му беше одговор за нападите за лошата состојба на собите во хотелите во кои се сместени новинарите, кои дојдоа да ги следат Олимписките игри и кои објавија слики на Твитер за таквата состојба.
Имено, Козак смета дека странските новинари ги саботираат Олимписките игри и сакаат да пишуваат скандалозно како би биле повеќе читани.
„Видео надзорот кој го имаме во хотелите покажува дека луѓето го отвораат тушот,...
Post Views: 2
Во вечерните часови на социјалните мрежи демонстрантите ги објавија своите барања, по претходно дадената оставка на премиерот на локалната влада во Тузла, Сеад Чаушевиќ.
Лутина, насобран бес и однесувањето на власта се причината за насилното однесување, се наведува во прогласот на работниците и граѓаните на Тузла по повод насилните протести.
„Сега во новонастанатите околности, лутината и бесот сакаме да ги усмериме на изградба на продуктивен и корисен систем на владеење„ се нагласува во соопштението кое го пренесуваат босанските медиуми. Денес во Тузла се креира нова...
Post Views: 1
Протестите кои веќе два дена траат во Тузла, а кои од четвртокот се проширија и на други градови во Босна и Херцеговина(БиХ), за во петок се најавени ширум земјата.
По целодневните протести во четвртокот во Тузла кога ескалираа судирите меѓу демонстрантите и полицијата, во петок граѓаните повторно ќе излезат на улиците во потрага по своите основни права.
Така за петок протести се најавени во Тузла, Сараево, Приједор, Бугојно, Орашје, Бањалука, Зеница, Витез, Бихаќ, Мостар, Брчко и други градови.
Протестите во БиХ започнаа пред два дена, кога пред зградата на Владата...
Post Views: 2
Седум Јавни научни установи и Институти, по цела деценија добија финансиски средства од државата за тригодишни проекти, со кои треба да се збогати нашата научна дејност.ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид е еден од научните институти кој преку ваков национален проект ќе ја испитува еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато.
Државата за оваа намена издвои средства во висина од вкупно 19 милиони денари, кои се директна поддршка на истражувањата.
МОН и Владата продолжуваат да вложуваат и да градат систем со кој ќе се обезбеди континуитет во финасирањето...
Post Views: 0
Три вида на добар шеќер, обилност на влакна и витамини се причините за кои бананата отскокнува од другите брзопотезни извори на енергија. Но освен хранливата вредност, докажана е нејзината семоќност за отстранување на бројни тегоби за кои обично бараме разноразни апчиња.
1. Надуеност и запек
Бананата содржи пектин кој го забрзува варењето и поттикнува исфрлање на токсини и тешки метали од телото. Освен тоа нејзиното делување е пробиотичко и ја стимулира работата на цревата. Сите овие фактори ја поттикнуваат работата на варењето на храна и ја смалуваат подуеноста на стомакот,...
Post Views: 4
Швајцарците во недела ќе излезат на референдум, на кој ќе одлучуваат дали сакаат да се ограничи бројот на доселеници во својата земја или не. Во зависност од исходот би можело да има далекусежни последици по статусот на една од најбогатите земји во светот.
Референдумот под мото „Не на масовното доселување“ го организира Швајцарската народна партија позната по конзервативните, антимиграциски и ксенофобични ставови. Бараат референдум за воведување на квоти за странци кои смеат да се вселат во Швајцарија но и за прекуграничните работници, барателите на азил и бегалците...
Post Views: 3
Италијанските поморски сили соопштија дека спасиле во Средоземното Море над 1.100 имигранти, кои се обидуваат на девет големи сплавови да стигнат до Сицилија.
Патролни хеликоптери вчера ги забележале пренатрупаните сплавови, а потоа четири бродови се приклучиле кон спасувањето на имигрантите, пренесува „Ројтерс“. Се’ уште нема податоци за националноста на бегалците.
Минатата есен над 560 лица се удавија во два инцидента на патот кон италијанските брегови.
{loadposition content9}
Post Views: 4
Француските конзервативци протестираа против либералната Влада. На вчерашниот марш низ Париз и Лион илјадини лица го искажаа своето незадоволство од нови закони со кои се намалуваат рестрикциите за абортуси и геј бракови.
Насобраните го обвинуваат кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд за „фобија од семејства“.Полицијата во главниот град на Франција процени дека околу 80.000 лица учествувале на протестите. Организаторите, пак, тврдат дека бројот на присутни е значително поголем, посочуваат дека имало над 100.000 протестанти.
„Семејството е основната вредност...
Post Views: 2
Норвешкиот монструм Андерс Брејвик, кој извршил масакр на островот Утоја кога убил 77 лица, се пожалил во руската ТВ станица РЕН ТВ за грозните услови кои ги има во затвор.
Изјавил дека управата во затворот извршила барем седум незаконски постапки кон него.
“Тој ден јас постапив хумано, убивав, но не ги мачев луѓето, затоа барам хуман однос и кон мене”, напишал Брејвик.
Се пожалил дека нема право на туширање и свеж воздух, и дека не му е дозволено основање на сопствена партија. Се чуди како за него не е изградено ново крило во затворот.
Исто така, Брејвик...
Post Views: 7
Бакингемската палата во Лондон распишала оглас дека бара собар или собарка, кои би работеле за 17.400 евра годишно за осумчасовно работно време , пет дена неделно со вклучено сместување и бесплатна храна, пренесува агенцијата „Асошиејтид Франс прес“.
Оттаму бараат личност која ќе биде задолжена за одржување на кралските купатила, за чистење, презентација и грижа за гостите во официјалната резиденција на британската кралица Елизабета Втора.
Во должноста на овој персонал се вклучува и носење на работите на хемиско чистење, грижа за накитот, подготвување купки, помагање...
Post Views: 0
Во двата сефа на Аркан кои вчера беа отворени во Комерцијална банка не е пронајдено ништо.
Сефовите беа скршени, бидејќи клучевите за нивното отворање не биле пронајдени. Тајниот трезор на Ражнатовиќ на сила бил отворен во присуство на полицијата и обвинителството. Од членовите на семејството на некогашниот командант на Српската добороволна гарда никој не се појавил, вклучувајќи ја и сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која не одговорила на повикот да дојде во банка.
„Добив повик да присуствувам во отворање на сефовите, но не отидов бидејќи не сакам да учествувам во...
Post Views: 3
Украинската министерка за правосудство, Олена Лукаш, ги предупредила антивладините демонстранти кои го окупирале нејзиното министерство дека ќе побара воведување на вонредна состојба доколку не го напуштат објектот.
Лукаш вонредна состојба ќе побара од Националниот совет за безбедност и одбрана доколку демонстрантите не излезат од зградите на министерствата во Киев, кои беа заземени во неделата вечерта и пред кои се поставени барикади со вреќи, пренесуваат странските медиуми.
Радикалната група активисти „Вистинско дело” ги искршила прозорите на зградата на министерството...