Сефовите на Аркан, празни

Во двата сефа на Аркан кои вчера беа отворени во Комерцијална банка не е пронајдено ништо.

 |  Голабовски Крсте  | 
Arkan
Аркан

Во двата сефа на Аркан кои вчера беа отворени во Комерцијална банка не е пронајдено ништо.

Аркан и ЦецаСефовите беа скршени, бидејќи клучевите за нивното отворање не биле пронајдени. Тајниот трезор на Ражнатовиќ на сила бил отворен во присуство на полицијата и обвинителството. Од членовите на семејството на некогашниот командант на Српската добороволна гарда никој не се појавил, вклучувајќи ја и сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која не одговорила на повикот да дојде во банка.

„Добив повик да присуствувам во отворање на сефовите, но не отидов бидејќи не сакам да учествувам во тој циркус. Претпоставував дека сефовите се празни и дека во нив нема ништо. Меидумите со денови креваа прашина, правеа неверојатни конструкции,“ изјави Ражнатовиќ.

На прашањето зшто не го предала клучот од сефот, туку морал да биде скршен, вдовицата изјави:

„Немав клуч од сефот, се собраа за време на акцијата „Сабја“ со останатите работи на Жељко.“

Вчерашниот преглед, не ја разреши мистеријата на тајниот трезор на Аркан. Останува непознато дали во нив Аркан нешто чувал, кога евентуално биле испразнети и дали тоа го направил некој друг.

Според објаснување на Комерцијалната банка, кое го доставила до судот во Белград, сефовите на Ражнатовиќ не биле отворани 14 години. За нивно постоење, банката го известила судот, непосредно пред убиството на Аркан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top