Државо, ова се нашите барања

Граѓаните се бесни и лути  

 |  инфодеск  | 
protesti
пртести

Во вечерните часови на социјалните мрежи демонстрантите ги објавија своите барања, по претходно дадената оставка на премиерот на локалната влада во Тузла, Сеад Чаушевиќ.

Лутина, насобран бес и однесувањето на власта се причината за насилното однесување, се наведува во прогласот на работниците и граѓаните на Тузла по повод насилните протести.

„Сега во новонастанатите околности, лутината и бесот сакаме да ги усмериме на изградба на продуктивен и корисен систем на владеење„ се нагласува во соопштението кое го пренесуваат босанските медиуми. Денес во Тузла се креира нова иднина. Владата на Кантонот поднесе оставка, со што е исполнет првиот услов на демонстрантите и се стекнати услови за решавање на постоечките проблеми, се додава во соопштението. Работниците и граѓаните на Тузла се повикуваат да го поддржат отстварувањето на следните барања :

 1. Одржување на јавниот ред и мир и соработка на граѓаните, полицијата и цивилната заштита, како би се избегнало криминализирање, политизирање и било каква манипулација со протестите.

2. Воспоставување на техничка влада, составена од некомпромитирани членови, кои досега немале ниеден мандат во ниедно ниво на власт, која би го водела кантонот до изборите 2014. Оваа влада ќе има обврска да поднесува седмични планови и извештаи за работата и да ги отствари зададените задачи.

3. По итна постапка да се ревидира приватизацијата на неколку големи фирми, да им се запише работниот стаж и осигура здравствената заштита на работниците, да се процесуира стопанскиот криминал и сите актери кои учествувале во тоа, да им се одземе нелегално стекнатиот имот, да се поништат приватизациските договори, да се вратат фабриките во рацете на работниците и да се стават под контрола на јавната власт и да се рестартира производството онаму каде е тоа можно.

4. Изедначување на платите на претставниците на власта со оние на вработените во јавниот и приватен сектор.

5. Укинување на сите додатоци и привилегии кои ги имаа досега во власта

6. Укинување на платата на министрите и други членови на власта по истекот или прекин на мандатот.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top