Светот вчудоневиден

Уште една непријатност за новинарите

 |  инфодеск  | 

Светот е шокиран од изјавата на заменикот премиер на Русија, Димитриј Козак, за камерите кои го снимиле однесувањето на првите гости во хотелите. На Козак ова воедно му беше одговор за нападите за лошата состојба на собите во хотелите во кои се сместени новинарите, кои дојдоа да ги следат Олимписките игри и кои објавија слики на Твитер за таквата состојба.

Имено, Козак смета дека странските новинари ги саботираат Олимписките игри и сакаат да пишуваат скандалозно како би биле повеќе читани.

„Видео надзорот кој го имаме во хотелите покажува дека луѓето го отвораат тушот, го усмеруваат во ѕидот, ја напуштаат собата и ги нема цел ден„ – изјавил помошникот премиер на Русија, задолжен за надзор на припремите на Олимписките игри, за весникот Wall Street Jurnal.

Оваа негова изјава предизвика лавина од негодувања затоа што се поврза со фактот дека нивните соби и купатила се под видео надзор. Сите се прашуваат како тој би знаел ако не се снимаат тие простории.

Потпаролот на Козак ова го негираше и тврдеше како Козак мислел на надзорните камери во хотелите поставени при нивната изградба.

Со камери или без камери очигледно е дека на Русите ништо не може да им се скрие. Олимписките игри почнаа па преостанува да се види продолжението на овие приказни за состојбата во хотелските соби кои започнаа на Твитер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top