Ознака: кои

den na mirot

Одбележан меѓународниот Ден на мирот со марш на ветераните

Post Views: 9 Во Охрид и Струга  се одбележа меѓународниот Ден на мирот, 21–ви септември. Сојузот на борците и нивните почитувачи одржаа марш под мотото „Ветераните чекорат за мир“. Во Охрид маршот започна во 11 часот од пред Сојузот на борците за да пристигнат на  градскиот плоштад. Точно на пладне на сите паднати жртви за мирот им беше  оддадена почит со едно минутно молчење. На собирот на ветераните имаше и основци кои дојдоа да го одбележат заедно Меѓународниот ден. Претседателот на Сојузот на борци Гоце Георгиески  истакна дека трета година се чествува меѓународниот ден на мирот ...

Continue reading

Opshtina

Конечно изгласани управните одбори и планските документации

Post Views: 2 Заврши 21-та седница на Совет. Може да се каже дека истата помина во знакот на бело и црно, или позиција и опозиција. Советниците започнаа вербални препукувања, најпрво по однос на точките кои се однесуваа на предлог одлуките за именување на членови во упрвани и надзорни одбори на новите Јавни претпријатија. „Слушајќи ги имињата и презимињата на предложените не можам да не забележам дека предложените се партиски војници и блиски на раководните структури во Јавните претпријатија. Ова само по себе кажува дека одборите ќе работат по налог на директорите на ЈП, а тоа не...

Continue reading

bezbednost

Нарушена безбедносната стабилност во земјава

Post Views: 11 Во моментов Македонија нема безбедносен стабилитет и на многу полиња е нарушена безбедноста вели Проф. д-р Јордан Спасески. Полицијата врши тешки и сложени задачи и таа е столб на безбедносниот систем. Иако безбедноста во целина не зависи само од активностите на полицијата, сепак таа во голема мера има удел во ова сфера укажува Спасески. Во безбедносниот систем во полицијата се примаат луѓе кои се оспособуваат по пат на курсеви и семинари додава Спасески. Полициската академија пак ја заврши 3-та генерација едуциран кадар од кој не е вработен ниту еден. Тоа покажува...

Continue reading

Komandir Petreski

Се бара разрешување на командирот на охридската полиција

Post Views: 1 Морално некомпетентни – вака командирот Добривое Петрески ги нарече оние кои пред 3 години кренаа два прсти за неговиот мандат како командир на охридската полиција. Петрески беше избраникот од тогаш доставените тројца кандидати до охридскиот Совет. Тој тогаш јавно и пред сите изјави дека ќе биде максимално транспарентен и 24 часа достапен за информации, не само за советниците туку и за сите граѓани. За возврат на дадената доверба од пред три години, командирот на вчерашната седница на Советот народните избраници ги нарече морално некомпетентни. Ова беа само дел од навредите...

Continue reading

Komandir Petreski

Ни безбедносната состојба во Охрид не ги соедини советниците

Post Views: 13 Додека едните бараат нешто да се превземе околу безбедносната состојба, командирот на ПС Добре Петрески, презентирајќи статистички податоци тврди дека во споредба со минатата година, Охрид е побезбеден. Тој обвинувањата дека Охрид се соочува со вакви проблеми поради неговата недоволна ангажираност ги дематира. „Љуѓе нестручни во правото да делат коментари дека командирот е нестручен ги сметам тенденциозни. Ќе го потсетам советникот од НСДП дека во казненото право има фрагментарен карактер“, вели командир на ПС Охрид, Добре Петрески.       На овие обвинувања веднаш...

Continue reading

doktor

„Лажни доктори“ хараат во Охрид

Post Views: 6 Во Охрид деновиве се појавија „лажни доктори“ чии жртви се повозрасни лица. Дознавaмe дека нуделе  медицински услуги, влегувајќи во домовите на охриѓани. „Најверојтно прават списоци на пациенти кои биле оперирани во Скопје во Филип II и одат по домовите се легитимираат со лажни легитимации се преправаат дека се лекари и за тоа им земаат големи суми на пари. Пацинтите веруваат, а средствата кои ги даваат за прегледи се помеѓу 3 и 6000 денари“, вели портпарол на општа болница д-р Сашо Василески. Василески апелира до граѓаните да не им веруваат на таканаречените „Лажни...

Continue reading

evra

20 000 евра останаа во општинската каса

Post Views: 6 Поништен тендерот за набавка на ДВД презентација за Охрид. ТВМ за овој тендер информираше пред еден месец кога беше завршена постапката за прибирање  на понудите. Во врска со овој случај до нашата редакција стигна и интригантен допис од страна на наш граѓанин кој се осмели јавно да обелодени дека е отворена тендерска постапка под сомнителни околности и со нејасна техничка спецификација, со кој се врши обид за рекет на Локалната. ТВМ трагајќи по вистината дозна дека раководителот на Секторот за локален економски развој, Гоце Симоновски воопшто не беше информиран за распишувањето...

Continue reading

gradenje

„Градежната зона во Охрид, страшна приказна“, велат стручните лица

Post Views: 5 Во Македонија се гради со квалитетни материјали, а тоа значи дека имаме цврсти и убави градби.  Спротивно на ова, стручните лица тврдат дека новите градбите кои се градат поготово во стариот дел на Охрид претставуваат посебна приказна или експеримент. „ Станува збор за промоција  на материјали со светски квалитет. Во Македонија во овој период локални инвеститори употребуваат локалани алуминиумски и друг вид на материјали. Но кога има инвеститор од Европски пазар, тој бара да работи со европски материјали“, вели генерален менаџер на Тетрактис, Кристијан Јорданов. Јорданов...

Continue reading

Vmro Dpmne

Нов бран обвинувања кон Петрески

Post Views: 1 Членството на ОК на ВМРО – ДПМНЕ реагира. Повод, најновите изјави на градоначалникот Александар Петрески и најновите ставови на Локалната самоуправа во општина Охрид. Хари Шокароски денес во името на својата партија упати остри критики кон охридскиот градоначалник. Тој истакна:„Изјави со кои го достигна дното на политичката некултура и комуникација, изјави карактеристични за личности со дискутабилен морален и ментален склоп. Охрид не заслужува да биде претставуван од ваква личност кој со ништо не придонел за зајакнување на дигнитетот и културните вредности за градот“.Шокароски,...

Continue reading

soobrakaj

Пасивно општинското тело за безбедност во сообраќајот

Post Views: 10 И по една година од кога локалната самоуправа го формира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега  не одржало седница. Како и за се останато што не функционира во државава така и за овај проблем постојат оправдувања, а одговорност не сноси никој. Инаку, во ова тело членуваат 12  експерти од повеќе институции со задача да придонесат за поголема  превенција на сообраќајната безбедност во градот. Одговор за ваквата пасивност на ова тело побаравме од претседателот Томислав Тунтев. Тој потврдува дека општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржал...

Continue reading

znaci

Заврши летниот режим на сообраќај

Post Views: 8 Со почетокот на месец септември, заврши летниот режим на сообраќај. Ова сообраќајно решение кое го донесе советот на град Охрид, во функција беше од 1 јули, па се до вчера. Денеска беа извадени сообраќајните знаци кои на моторните возила им го укажуваа правецот на движење во текот на летниот период.Покрај сообраќајните знаци, беа извадени и дел од конусите кои во голема мерка помогнаа, несовесните возачи да не се паркираат на оние места каде им ја намалуваат прегледноста на останатите учесници во сообраќајот. Во телефонскиот разговор со раководителот на Одделението...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top