Воведувањето вонредна состојба во Украина, се поизвеснo

Украинската министерка за правосудство, Олена Лукаш, ги предупредила антивладините демонстранти кои го окупирале нејзиното министерство дека ќе побара воведување на вонредна состојба доколку не го напуштат објектот.

 |  Голабовски Крсте  | 
Olena Lukas
Олена Лукаш

Украинската министерка за правосудство, Олена Лукаш, ги предупредила антивладините демонстранти кои го окупирале нејзиното министерство дека ќе побара воведување на вонредна состојба доколку не го напуштат објектот.

Лукаш вонредна состојба ќе побара од Националниот совет за безбедност и одбрана доколку демонстрантите не излезат од зградите на министерствата во Киев, кои беа заземени во неделата вечерта и пред кои се поставени барикади со вреќи, пренесуваат странските медиуми.

Vitalij KlitschkoРадикалната група активисти „Вистинско дело” ги искршила прозорите на зградата на министерството за правосудство и го уништила официјалниот знак.Опозициониот лидер и поранешен боксерски шампион Виталиј Кличко, побара од демонстрантите да излезат од зградата но тие не го послушаа.

Полицијата отворила истрага поради упадот во окупираната државна зграда.Бунтот се прошири низ целата земја, а опозицијата ги зазеде сите општински канцеларии во десет градови, соопштуваат локалните медиуми.

Владини канцеларии биле нападнати и во источните подрачја на земјата каде претседателот Јанукович традиционално ужива силна поддршка.
Опозициониот лидер Арсениј Јачењук ја одбил понудата на Јанукович да го именува за премиер бидејќи, како што истакнал Јачењук, основните барања на демонстрантите мора да бидат исполнети, меѓу кои и одржување на избори.

Според официјалните податоци, во судирите на демонстрантите и украинските сили за безбедност загинале три лица, додека опозицијата тврди дека вистинската број на загинати изнесува шест лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top