Post Views: 8
Фудбалерите на ПСЖ вечерва ќе играат куп-натпревар против Евиан, но многу поинтересно е што клубот им забрани да имаат секаков контакт со жени во пресрет на мечевите.
Дури и во хотелот каде што ќе бидат сместени побарано е во ресторанот за време на ручекот да бидат служени исклучиво од келнери.Се уште не е јасно дали е ова некој вид казна за избраниците на Карло Анчелоти поради лошо однесување во изминатиот период или пак само мерки за се да помине во најдобар ред пред крајот на сезоната кога ПСЖ треба да ја реализира својата цел, освојување на двојната круна во Франција....
Post Views: 2
Археолошките пронајдоци од Устието на Дрим и куќата на Караџулевци, ќе бидат изложени пред стружани. Станува збор за добро сочувани предмети од праисторискиот период, но и модерни керамички предмети од хеленистичкиот период. Првиот човек на струшкиот музеј Д-р Сашо Цветкоски вели дека тоа ќе биде една од најбогатите музејски поставки досега прикажани во јавноста за што ќе бидат испечатени и каталози, кои пак ќе бидат сведоштво за овој настан.
„Пошто се работи за локалитет од праисторија, наколно живеалиште, тоа е прво наколно живеалиште што е истражувано околу брегот...
Post Views: 1
Предизвикот е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Милиеуконтакт Македонија и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Двајца победници ќе бидат избрани од страна на експертска комисија. Секој од победниците ќе биде награден со 10,000 УСД. Од оваа сума, 1,000 УСД ќе бидат доделени во кеш (парична награда) а 9,000 УСД ќе бидат вложени за да се развие идејата во прототип....
Post Views: 10
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица –Р-504 подолги години во зима е затворен за сообраќај, велат од АМСМ.
Од пред неколку зимски сезони, дозволено е движење на возила само до излетничкиот комплекс Корита во должина од девет километри.
Патниот правец кој преку Галичица води до Отешево е многу опасен, не само во зима, туку и во летниот период.– Не само во зимски услови, туку и при редовното одржување се соочуваме со низа проблеми зашто се работи за планински масив и регионален пат кој е непријатен. Во секое време има одрони, но и други проблеми кои можат...
Post Views: 8
Средното училиште, колеџот „Јахја Кемал“ во соработка со општинските училишта од Струга и Охрид организира Саем на Науки и Култури на кој ќе бидат претставени научни и културни проекти изработени од нивните ученици.
На оваа презентација ќе бидат изложени интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика,хемија,биологија,информатика,англиски јазик, македонски јазик, албански јазик ,турски јазик, историја и географија.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Од страна на ЈКП „Дебрца“ деновиве се спроведува акцијата за чистење на каналите низ населените места во општина Дебрца.
Исчистени се каналите во селото Злести, селото Оровник во тек е чистењето во селото Горенци. Исто така активностите ќе продолжат и во наредните денови каде ќе бидат опфатени сите села и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваа жителите на Дебрца.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Даниел Кајмакоски вчера се врати во родното место Мислешево, струшко. Над 5000 илјади фанови на победникот на првиот регионален „Х – Фактор, му приредија спектакуларен дочек“. Еуфорија, солзи, хистерија, радост, беше дел од атмосферата на присутните, но и емоциите на Кајмакоски беа големи.
„Мислам дека повеќе имав трема да дојдам дома него на Х-Фактор финалето, таму бев многу опуштен, овде меѓу најблиските и најдобрите пријатели меѓу својте луѓе е стварно нешто посебно“- вели Кајмакоски.
После краткиот престој во Македонија, како што изјави Кајмакоски, тој се враќа во...
Post Views: 5
Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба. Станува збор за апаратите во четирите операциони сали на хирургија и урологија, додека апаратот за анестезија на одделението за гинекологија бил сервисиран во најкраток можен рок и веќе на 09ти јануари бил ставен во функција. Тој апарат се користел за итните операции со цел да не се препраќаат пациентите во други здравствени установи. Директорката на болницата, Славица Малевска Стојадиновиќ тврди дека воопшто немало никаков...
Post Views: 0
НУ Музејот д-р Никола Незлобински подготвува интересна музејска поставка во Враништа, струшко. Целокупната археолошка материја од локалитетите во Враништа што се откриени изминативе 50 години ќе бидат презентирани пред научната и стручна јавност, како и пред сите љубителите на културното наследство. Директорот проф. Д-р Сашо Цветкоски, вели дека овој битен проект е дел од теренската програма која музејот треба да ја реализира до средината на оваа година.
„Значи тоа ќе го изложиме и ќе го презентираме во една интересна збирка која ќе опфати период од праисторија до среден...
Post Views: 1
Министерството за транспорт и врски за таа цел има издвоено средства и од таму информираат дека градежните зафати ќе започнат штом се создадат услови односно кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба.
Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани напролет. Во Буџетот на Министерството за транспорт и врски предвидени се 7, 8 милиони денари за санација на пристаништата во Охрид, откриваат за ТВМ од ресорното министерство.
Хидролошката состојба настаната од големата количина на врнежи од дожд и снег и очекувањата дека во следниот период ќе има дополнително...
Post Views: 31
Извршната комисија на Интернационалниот олимписки комитет предложи исклучување на борењето од спортовите што ќе бидат присутни на Летните олимписки игри 2020 година.Борењето ќе биде исклучено ако Собранието на ИОK во септември го прифати предлогот на Извршната комисија. Борењето теориски може пак да аплицира да биде примено во олимписката фамилија, но тоа тешко ќе се оствари. Присутно во олимписката фамилија од почетокот на модерните ЛОИ 1896 (иако не се појави на ЛОИ 1900), борењето ќе ја напушти олимписката сцена по појавувањето на ЛОИ 2016 година во Рио де Жанеиро....
Post Views: 4
Учениците од ОУ. „Браќа Миладиновци“, го посетија Советот на општина Струга. 60 етина деца од четврто одделение имаа можност да се запознаат со работата на струшкиот Совет и практично да видат како се донесуваат одлуки кои влијаат за живеењето во нивниот град. Кај дел од нив веќе постојат амбиции да седнат во советничките клупи и да бидат идни градски избраници, а речиси сите беа запознати која е улогата на Советот.
„Дојдовме за да видиме како работат во Советот. Совет е група на граѓани кои му помагаат на градоначалникот да донесе некоја одлука“. Јас научив дека сите...