Посета на ученици во струшкиот Совет

Четвртоодделенците од ОУ. „Браќа Миладиновци“ беа во посета на Советот на општина Струга. Целта на посетата беше воведување на учениците во општествениот и социјалниот живот како и градење на здрава единка за во иднина, велат наставниците кои ги предводеа учениците.

 |  Николоска Биљана  | 
deca sovet
деца совет

Учениците од ОУ. „Браќа Миладиновци“, го посетија Советот на општина Струга. 60 етина деца од четврто одделение имаа можност да се запознаат со работата на струшкиот Совет и практично да видат како се донесуваат одлуки кои влијаат за живеењето во нивниот град. Кај дел од нив веќе постојат амбиции да седнат во советничките клупи и да бидат идни градски избраници, а речиси сите беа запознати која е улогата на Советот.

deca sovet„Дојдовме за да видиме како работат во Советот. Совет е група на граѓани кои му помагаат на градоначалникот да донесе некоја одлука“. Јас научив дека сите таму работаат, избираат гласови и граѓаните одлучуваат кој ќе биде советник кој градоначалник“ – коментираат учениците.

Оваа посета беше во рамките на наставната програма, вели наставникот Васко Мицески. Додаде дека на ваков начин преку истражувачки дејности и активности, учениците се запозанваат со работата на Локалните институции, градоначалник, Совет на општина и одделнија при општинската администреција.

„Се работи на часовите се работи материјали со наставни средства децата веќе добро се запознати со општината и работата на Локалната Самоуправа“-вели Мицески.

deca sovetПретседателот на Советот Абдула Ќазимоски нагласи дека присуството на децата на седница допринело советниците да се воздржуваат од навреди и посериозни препукувања, што всушност така требало да биде и на секоја седница.

„Тоа беше еден од добрите акти, да биде дозволено да присуствуваат деца на седница. Воедно тоа требаше да биде еден позитивен одговор дека треба повеќе пати да присуствуваат така можеби и сите, па и јас како член на Совет на општина Струга, малку повеќе ќе се чуваме од некакви препукувања, навредувања. Реално секогаш треба да се однесуваме со добри зборови“– нагласи Ќазимоски.

Претседателот на струшкиот Совет, Ќазимоски на четвртоодделенците им упати порака: „Да се развиваат во позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни дечиња и што повеќе да го минуваат слободното време во дружење и спортување. Посетата на основците на општината помина во најдобар ред но дел од наставниот кадар со коментар дека тешко се доаѓа до градоначалникот на Струга и дека  институциите во општина Струга не се секогаш отворени за соработка.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top