Кајмакоски спектакуларно дочекан во Мислешево

Даниел Кајмакоски, победникот на регионалниот Х- Фактор и покрај големиот успех, сеуште не се чуствува како звезда. Скромното момче од Мислешево, струшко, вчера беше меѓу своите во родното место. Со дел од присутните се поздрави, се фотографираше,  делеше автограми, а запеа и дел од песните од неговите изведби на Х-Фактор.

 |  Николоска Биљана  | 
kajmakoski
кајмакоски

kajmakoskiДаниел Кајмакоски вчера се врати во родното место Мислешево, струшко. Над 5000 илјади фанови на победникот на првиот регионален „Х – Фактор, му приредија спектакуларен дочек“. Еуфорија, солзи, хистерија, радост, беше дел од атмосферата на присутните, но и емоциите на Кајмакоски беа големи.

„Мислам дека повеќе имав трема да дојдам дома него на Х-Фактор финалето, таму бев многу опуштен, овде меѓу најблиските и најдобрите пријатели меѓу својте луѓе е стварно нешто посебно“- вели Кајмакоски.

После краткиот престој во Македонија, како што изјави Кајмакоски, тој се враќа во Белград, од каде што интензивно ќе се подготвувал за својата кариера. Како што најави тој првичните планови му биле потпишување на договори, отпочнување на албум продукција и првиот клип.

kajmakoski„Најверојатно нема да се снима само кај Жељко, тој му ја понуди својата помош. Се надевам дека некоја песна ќе има во соработка со него на мојот албум и Христина Ковач ми понуди помош, сигурно ќе појдам и кај неа и со Кики сигурно ќе има соработки, ама тоа не се знае точно треба песните прво добро да се одберат да бидат добри и тоа моментално е најбитното“-најавува Кајмакоски.

Кајмакоски нагласи дека ќе оди секаде каде што го води музиката и среќата која ја носи таа. Тој смета дека за сите во Македонија е многу важно да го следи патот каде и да е, неговиот дом и земја да бидат Македонија. Кајмакоски кажа дека Македонија сака да ја поддржува со хуманитарни концерти, работи кои се добри за народот, за сите луѓе. Засегаа во неговите планови не стои настап на митинзите на некоја од партиите во Македонија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top