Ќе остане ли борењето олимписки спорт?

Извршната комисија на Интернационалниот олимписки комитет предложи исклучување на борењето од спортовите што ќе бидат присутни на Летните олимписки игри 2020 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
borenje
борење

Извршната комисија на Интернационалниот олимписки комитет предложи исклучување на борењето од спортовите што ќе бидат присутни на Летните олимписки игри 2020 година.Борењето ќе биде исклучено ако Собранието на ИОK во септември го прифати предлогот на Извршната комисија. Борењето теориски може пак да аплицира да биде примено во олимписката фамилија, но тоа тешко ќе се оствари. Присутно во олимписката фамилија од почетокот на модерните ЛОИ 1896 (иако не се појави на ЛОИ 1900), борењето ќе ја напушти олимписката сцена по појавувањето на ЛОИ 2016 година во Рио де Жанеиро.

borenjeОвој спорт, за кој се мислеше дека вечно ќе остане во олимпиското семејство, не најде милост кај 15. члена на Извршната комисија на ИОK. Ова е дотолку почудно што женското борење како спорт беше примено во олимписката фамилија во 2004 година.

Борењето е познато како најтрофеен спорт во Македонија. Во него имаме неколку олимписки медали. Шабан Сејдиу освои две бронзи, на ЛОИ 1980 и 1984. Шабан Трстена освои злато и сребро на ЛОИ 1984 и 1988 година. Могамед Ибрагимов освои бронза на ЛОИ 2000 година, што е единствен олимписки медал за Македонија во годините на независност.

Минатата година остана во историјата како неславен датум кога првпат по 1964 година македонското борење немаше претставник на едни летни олимписки игри. Имено, нашето борење имаше непрекината низа настапи на олимписките игри уште од ЛОИ 1968, па до 2008 година. Таква успешна низа од 11 олимпијади немаше ниеден друг спорт кај нас. Низата е прекината затоа што ниеден борач не успеа да се квалификува за ЛОИ Лондон 2012.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top