• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред годинешната главна туристичка сеозна

Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред годинешната главна туристичка сеозна

Министерството за транспорт и врски за таа цел има издвоено средства и од таму информираат дека градежните зафати ќе започнат штом се создадат услови односно кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба.

 |   | 

Министерството за транспорт и врски за таа цел има издвоено средства и од таму информираат дека градежните зафати ќе започнат штом се создадат услови односно кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба.

Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани напролет. Во Буџетот на Министерството за транспорт и врски предвидени се 7, 8 милиони денари за санација на пристаништата во Охрид, откриваат за ТВМ од ресорното министерство.

Хидролошката состојба настаната од големата количина на врнежи од дожд и снег и очекувањата дека во следниот период ќе има дополнително зголемување на водостојот, не дозволуваат во моментов активности за санација.

„Би сакале да појасниме дека градежните работи зависат од водостојот на Охридското езеро и очекуваме откако ќе се создадат услови за тоа, пристаништето да се санира.“ – велат од Министерството за транспорт и врски.

Од министерството додаваат дека градежните зафати за санација би можеле да започнат дури кон крајот на месец април.

Последното поголемо невреме од месец март минатата година направи голема пукнатина на пристапниот дел на пристаништето кој служи за спуштање на кајчиња, глисери и други помали пловни објекти. Од капетанијата на пристаништа на РМ кажаа дека најновото оштетување не ја загрозува стабилноста на објектот но посочија дека по самиот кејски ѕид, односно пристанишен ѕид, постојат дупки и девијации кои мора да се средат. Локалната самоуправа се оправда дека нема никакви надлежности над објектот и не може да прави парцијални санации без предходни научни анализи и испитувања.

Градското пристаниште датира од далечната 1938 година и потребна му е поопширна санација и зацврстување. Пристаништето во моментов задоволува минимум технички услови за оперирање на пловни објекти. Сопствениците на пловни објекти бараат негова целосна реконструкција, доградба, осовременување и зголемување на функционалноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top