Се подготвува голема музејска поставка во Враништа

Во атарот на црквата Св Никола во Враништа се адаптира простор за досега најголемата галериска поставка на струшкиот музеј. Во неа за прв пат пред целокупната јавност ќе биде презентирано, се она што изминативе 50 години е откриено на локалитетите во Враништа.

 |  Николоска Биљана  | 
crkva vranista
црква враништа

crkva vranistaНУ Музејот д-р Никола Незлобински подготвува интересна музејска поставка во Враништа, струшко. Целокупната археолошка материја од локалитетите во Враништа што се откриени изминативе 50 години ќе бидат презентирани пред научната и стручна јавност, како и пред сите љубителите на културното наследство. Директорот проф. Д-р Сашо Цветкоски, вели дека овој битен проект е дел од теренската програма која музејот треба да ја реализира до средината на оваа година.

„Значи тоа ќе го изложиме и ќе го презентираме во една интересна збирка која ќе опфати период од праисторија до среден век, доцен среден век и нашето современие, ќе има археологија, историја на уметност и етнологија. Оваа поставка во Враништа треба да се промовира на 3 јуни, значи тоа е еден голем и значаен проект ние веќе правиме селекција на предмите што ќе бидат изложени таму се разбира тоа и од просторните можности ќе ни дозволи екстензивноста и наративноста на самата поставка како ќе ја направиме“– вели Цветкоски.

crkva vranistaНо тоа не е се. Годинава за прв пат на Денот на музеите 18 мај, ќе биде презентирана и музејската поставка на археолошката материја и од локалитетот на устието на реката Црн Дрим, најавува Цветкоски. Тој додава дека тоа досега никогаш не било објавено.

„Ние изминатите месеци работевме на една целосна ревизија на музејските предмети и експонати и она што го видовме заслужува да биде презентирано, бидејќи некаде само 700 предмети имаме само од устие на Дрим. И нормално на уште неколку локалитети кои се во Струга за кои стружани и не знаат дека на одредени места одредени куќи лежат под некои локалитети. Во рамките на устието на Дрим припаѓа и локалитетот од тој период значи праисториски, припаѓа и најголемиот материјал што ќе биде изложен во Враништа“– објаснува Цветкоски.

Промоцијата на културното наследство влегува во туристичката мапа, на места кои заслужуваат да се посетат, вели Цветкоски. Тој нагласи дека и годинава продолжуваат со ископини на проектот Врбник, ќе прават увид на мозаиците на базиликата во Радолишта кои што 40 години не биле опсервирани, а како проекна активност било и проширување на дел од поставката во Локов како  дел од одбележувањето на 70 годишниот јубилеј од формирањето на Првата македонско ударна бригада.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top