Ознака: бидат

Vodici 2009

Кој ќе биде новиот кум за Водици 2011

Post Views: 0 Во тек е огласот за кандидатура за кум на оваа манифестација. Томе Тримчев од Здружението „Богојавление“, информира дека до сега до здружението се пристигнати две кандидатури. Инаку, носителот на оваа престижна улога ја има честа да го прими и дарува оној кој ќе го фати светиот крст и да се грижи за покривање на материјалните трошоци. Кумот го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници,...

Continue reading

prof dr. Jovanka Biljanoska

Универзитетите во рамки на современите глобални проблеми

Post Views: 13 Проф. Др.Јованка Биљаноска како редовен професор на ФТУ Охрид, учествуваше на првиот светски конгрес кој неодамна се одржа во Чанаккале, Турција. Со големи импресии, Биљаноска ја потенцира важноста на еден ваков голем и несекојдневен настан. „Предизвик е да се биде учесник на светскиот конгрес посебно заради сознанието дека традиционалниот концепт на универзитетите не важи во новото време, во услови на глобализација на сите текови, вклучувајќи го тука и образованието“, рече Биљаноска. На светскиот конгрес на универзитетите, покрај главната мото тема „Кои се новите...

Continue reading

VMRO-NP

Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Post Views: 2 Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид. Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето...

Continue reading

zasaduvanje drvca

Продолжија активностите за одбележување на слободен Охрид

Post Views: 4 Еколошка акција во ОУ Св. Климент Охридски, по повод патрониот празник на нашиот град. Претпладнево во дворот на училиштето беа засадени садници, акција која ја спроведоја ЈП Охридски Комуналец, раководството на училиштето и советот на родители. Првата садница ја засади градоначалникот Александар Петрески кој истакна дека чест е да се живее во Охрид, но при тоа искажа благодарност и почит до сите кои дадоа свој придонес за ние денеска да живееме во слободен Охрид. „Локалната самоуправа имаше многу активен период во изминатите неколку месеци. Денеска продолживме со средување...

Continue reading

Кај охридски средношколци пронајдена марихуана

Post Views: 3 Настанот кој фрли црна дамка врз охридската Гимназија денеска го потвридија и од СВР и од училиштето. Директорот на средното училиште Св. Климент Охридски, Наум Рилкоски кој денеска службено беше во Скопје, во телефонскиот разговор истакна дека вакви постапки на учениците никако нема да бидат толерирани, туку напротив децата ќе бидат санкционирани. Рилковски потврди дека деновиве се разговарало и со родителите и со пет од децата инволвирани во случајот, а за утре била закажана средба со уште едното дете и неговите родители.  Директрот уште кажа дека за случајот ќе се...

Continue reading

Braka Manaki

Фестивалот „Браќа Манаки“ оди во нагорна линија

Post Views: 6 Организаторите  на 31 –то издание на Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки се задоволни како тече годинешното издание. Отварањето на фестивалот на кој присуствуваа голем број актери, кинематографи и филмаџии,  како имињата на двајцата  годинешни почесни гости холивудската актерка Хана Дерил и добитникот на наградата за животно дело, кинематограферот Вилмош Жигмонд,  беше супер истакна  директорката на фестивалот Лабина Митеска. Додава, но, мислам секогаш може подобро.На фестивалот ќе бидат прикажани 95 филмови во 9 програми, а од нив 12 ќе бидат во трката за трите...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

den na glad

Дадете малку за оние кои немаат воопшто

Post Views: 1 Една милијарда и дваесет милиони. Толку многу луѓе во светот страдаат од хронична неухранетост. Во Охрид гладуваат повеќе од 800 семејства. Црвениот крст од Охрид  спроведува кампања за помош на оние кои се најпогодени од оваа екстремна форма на сирмаштија. Кампањата е поделена на неколку активности со кои отаму, се надеваат дека барем малку ќе им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Охриѓани, се борат со немаштијата. Некои повеќе, некои помалку свесни за големиот број на нивни сожители кои за жал, гладуваат. Предвидени се голем број активности кои ќе бидат...

Continue reading

nacrt plan

Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Post Views: 11 Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци...

Continue reading

kaneo

Туристичка приказна или пуст остров?

Post Views: 2 Современите туристички текови и секојдневно менливата туристичка побарувачка, се најголемата можност, но и закана за развојот на туристичката понуда од овој регион. Експертите тврдат дека она што на самиот регион му недостига е заеднички имиџ и заеднички настап на светскиот туристички пазар. Останатите региони одлично ја продаваат туристичката приказна и не претекнуваат во секој поглед, согласни експертите. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN,  Драган Глигоријевиќ кажа дека основната грешка која ја прават туристичките работници од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top