Туристичка приказна или пуст остров?

Големи се шансите нашиов туристички регион да биде заобиколен и заборавен како пуст остров, истакнуваат експертите од туризмот.

 |  Крсте Голабовски  | 
kaneo
kaneo

konferencijaСовремените туристички текови и секојдневно менливата туристичка побарувачка, се најголемата можност, но и закана за развојот на туристичката понуда од овој регион. Експертите тврдат дека она што на самиот регион му недостига е заеднички имиџ и заеднички настап на светскиот туристички пазар. Останатите региони одлично ја продаваат туристичката приказна и не претекнуваат во секој поглед, согласни експертите. Претседателот на Меѓународната организација за развој на туризмот, SACEN,  Драган Глигоријевиќ кажа дека основната грешка која ја прават туристичките работници од Охрид и Македонија воопшто е таа што тие немаат слух за секојдневно менливите потребни на современиот турист.

„Охрид заедно со македонскиот туризам и туризмот на ЈИЕ хронично прави грешка, всушност секогаш ја пропушта можноста не бира на некој начин и ја губи можноста да се позиционира и добро да ги претстави своите потенцијали само затоа што не ја слуша потребата на туристите од светот“, потенцира Глигориевич.

Современиот турист е брз, динамичен. Неговите апетити за да види, доживее и почувствува се незаситни. Тој сака да ги спознае културните и историски вредности на една земја, а не само морето езерата и снегот, велат експертите. Туризмот претставува приказна, збир на настани, авантури и доживувања. Доколку се успее во тоа една туристичка дестинација или регион да се продаде како приказна, тогаш приходите кои ќе ги донесе ќе бидат огромни. За тоа да се оствари императив е заедничкиот настап на Охрид и Македонија, како дел од туристичкиот потенцијал на регионот од ЈИЕвропа. Што се однесува до Охрид, многу повеќе Бог дал и се создало на овие простори отколку што организирано се знае и продава. Проф. Д-р Науме Мариноски од ФТУ од Охрид кажа дека малкумина туристи знаат, дека во Охрид има банани, дека тука може да зрее маслината или за феноменот на езерото кој  настанува поради разликите во воздушниот притисок меѓу спротивните краеви на самото езеро и е наречен Сеш.

„Сешот е феномен сличен на плимата и осеката, а знаеме дека луѓето е го знаат тоа. Такви работи имаме, доста. Тоа може да се види кога имаме ветер кој дува од југ кон север, па во северниот дел од езерото ќе се покачи нивото на водата во езерото“, кажува Мариноски.

Не постојат инстант решенија, но барем не смееме да ги повторуваме грешките. Во ред е да се промовираме во регионов и целна група да ни бидат туристите од регионот кој не опкружува, но во никој случај тој регион не смее да ни биде единствениот пазар на кој ќе настапиме, велат експертите. Туристите од Албанија, Грција,Србија се важни и познато е дека во многу наврати ги спасиле туристичките сезони, но сега мора да ги прошириме хоризонтите и целна група да ни бидат гостите од Америка и другите континенти. Охрид мора да освежи имиџот на светска дестинација, нешто слично како Дубровник, и да стане интересен баремз а дел од светската туристичка побарувачка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top