Кој ќе биде новиот кум за Водици 2011

Од Здружението „Богојавление“ информираат дека досега за нов кум се пристигнати две апликации.

 |  Крсте Голабовски  | 
Vodici 2009
Водици 2009

Vodici 2009Во тек е огласот за кандидатура за кум на оваа манифестација. Томе Тримчев од Здружението „Богојавление“, информира дека до сега до здружението се пристигнати две кандидатури. Инаку, носителот на оваа престижна улога ја има честа да го прими и дарува оној кој ќе го фати светиот крст и да се грижи за покривање на материјалните трошоци. Кумот го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголе­ми­те христијански празници, зашто на тој ден, според верувањето, Исус Христос е крс­тен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Co тоа, на овој празник му се дава значење на крштевањето, како една од повеќето свети тајни на христијанството. Тримчев објасни и кои се критериумите кои треба да ги исполнуваат кандидатите за нов кум на Водици, односно да бидат, православни христијани, верници во Бога и да имаат почит кон празникот, секако да се пријави на конкурсот.

Огласот ќе трае  до 03.12.2010 година, а пристигнатите понуди ќе бидат разгледани на Собранието на здружението “Богојавление“, кое ќе се одржи на 04.12.2010 во малата сала на општина Охрид, со почеток во 12:00 часот. На седницата на собранието ќе бидат соопштени и правата и обврските кои произлегуваат од кумството за ВОДИЦИ 2011. Тримчев вели дека можноста за манипулација воопшто ја нема и како и секоја година најавува фер избор на нов кум. Водици се празнува два дена. Првиот ден, освен Богојавление и Водици, уште се вика и Војордание и Машки Водици, а вто-риот ден, Собор на Свети Јован Крстител, уште се вика и Женски Водици. Карактеристично за празникот Водици е што тој се празнува во поголеми или помали групи, што се викаат компании, кумства или братства. Некаде тие групи се формираат по маала, а некаде по фамилии. Според дамнешните сфаќања што ги прифатила и црквата, кумството е сродство, па за кумовите како и инаку за крвните роднини, важи законот за егзогамијата.
Ако се земе предвид дека во христијанската религија Свети Јован го крстил Исус Христос, значи тој го има кумството.Традицијата со кумството која беше востановена пред неколклу години, ќе придонесе за остварување на заложбите, централната манифестација по повод овој празник да биде во Охрид, што позитивно ќе се одрази и на развојот на туризмот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top