Ознака: бидат

proekt za rekonstrukcija

Охридската болница прераснува во регионален центар

Post Views: 3 Акредитацијата е веќе добиена, па во периодот кој следи оваа установа ќе може да се пофали дека е само на чекор до тоа да стане клиника, вели портпаролот Д-р. Сашо Василески. Од раководството на болницата додаваат  дека, паралелено со нејзината реконструкцијата и опремувањето со најсовремена апаратура, интензивно се работи и решавање на кадровските проблеми и пречки. „Јас морам да констатирам дека минатиот период не е водена никаква аналитика во однос на старосната граница на нашите лекари. Охрид во моментов има највисока старосна граница на лекари. Многу од нив заминуваат...

Continue reading

Еколошки острови чекаат приклучок на струја

Post Views: 2 ЈП Охридски Комуналец започнува со нов начин на управување со отпадот. На најфрекфентните места во Охрид ќе бидат изградени зелени острови, на кои ќе бидат поставени прес контејнери, но и обични за хартија и пластика, а ќе има одбележан и посебен простор за одлагање на кабаст отпад. Во ЈП Охридски Комуналец одамна се пристигнати двата прес контејнери кои уште пред два месеци требаше да бидат поставени на веќе подготвените локации. „За жал немаме добиено приклучок за струја, чекаме скоро два месеци напојување со електрична енергија. Вистинската функција контејнерите ќе...

Continue reading

donacija

Нова соработка помеѓу Лајонс клубот-Охрид и Сојузот на лица со оштетен вид

Post Views: 1 Продолжува успешната соработка помеѓу Лајонсите и Сојузот на лица со оштетен вид. Минатата година беа реновирани просториите на седиштето на овој сојуз, а оваа година нова донација. Со досега собраните средства се набавени апарати за домаќинство, кои им беа поделени на членовите на ова здружение. Покрај оваа донација, во тек е изработка на звучна компјутерска програма, која во голема мера ќе им ја олесни комуникацијата на овие лица и ќе придонесе во нивна поголема социјализација. Вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“, голем хуманитарен концерт, чии средства...

Continue reading

Lajonsi

Лајонсите од Охрид, ја доделуваат „Горна Порта“

Post Views: 4 Лајонсите од ЛК – Охрид, од оваа годна го доделуваат признанието „Горна Порта“. Станува збор за награда која ќе се доделува на поединци, организации или здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман придонеле во сферата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, несебично промовирајќи граѓански вредности. Претседателот на Лајонс клубот „Охрид“ од Охрид, Ангел Јанев вели дека идејата за наградата потекнува од членовите на овој клуб, односно од проект менаџерот Драган Спасески – Охридски, додека името на наградата и го дал лајонистот Драган Гоџо. Што...

Continue reading

potkrovja

Неизвесна судбината на диво изградените поткровја во стариот дел од градот

Post Views: 8 Неизвесна судбината на изградените поткровја во стариот дел од градот, дали ќе се спасат од рушење или ќе бидат легализирани. На почетокот од оваа година инспекторатот изготви список со  20-тина    незаконско изградени поткровја во стариот дел од градот, од вкупно  70 во  општина Охрид. Сега се зависи од предлог законот за легализација на дивоградбите на кој се чека скоро 4 години, вели раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. „Сепак се сомневам дека поткровјата ќе бидат легализирани, со оглед на тоа дека се работи за заштитено подрачје како што е стариот дел...

Continue reading

licni podatoci i internet

Која е границата?

Post Views: 4 Правото на заштита на личните податоци често пати се опишува како еден од аспектите на правото на приватност. Но, медиумите во немилосрдната трка за ексклузивна приказна, а и самите институции мислејќи дека работат за јавен интерес, се помалку внимаваат на заштитата на личните податоци. Не се поштедени ниту малолетниците, жртви на било кој вид насилство, ниту обвинетите кај кои сеуште не е докажана вината. Како да се заборава на правото на презумпција на невинист, вели Горан Момироски, сопственик на првиот електронски медиум во градов, „ Ohridnews “. Тој додава дека...

Continue reading

mashina

Брза изработка на мебел и во Охрид

Post Views: 15 „Мак мебел –Ѓоле“ од Охрид, започнува со ИКЕА порграмата за изработка на мебел, во што ќе му помогне најновата VEKE машина, парче технолигија вредно околу 50 000 евра. Програма за изработка на мебел слична на ИКЕА програмата и во Охрид. „Мак-Мебел – Ѓоле“ од Охрид, со цел да ја збогати својата производна програма, како своја активност ќе го вклучи и овој начин на производство на мебел. Станува збор за начин на производство на мебел, каде крајниот производ купугвачот ќе може да си го состави својот дом, користејќи упатство. Со ЦНЦ компјутерски раководената машина, сите...

Continue reading

pomosh

Помош за оние кои немаат, а се тука покрај нас

Post Views: 1 Под мотото да им помогнеме на оние кои немаат а се до нас, а по иницијатива и во организација на жените и младите при О.О. на НСДП од Охрид, собрани социјални пакети за сто најзагрозени семејства во градов. Верица Хајба советничката од редовите на НСДП потенцира дека на овој начин, од оваа партија сакаат да се приклучат во одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски. Советничката Хајба додаде дека станува збор за скромен прилог, но доколку сите помагаме по малку, тоа ќе биде голем допринос за ранливите категории од општествената заедница. Хајба додаде дека пакетите...

Continue reading

paten pravec

Охридските автопатишта дел од западната концесија

Post Views: 5 Некои од струшките и охридски автопатишта ќе бидат дел од таканаречената Западна концесија. За неа се заинтересирани 7 врвни светски компании кои работат во оваа област. Од нив две веќе се квалификувале за понатамошната постапка. Според првичните проценки, во изградба на патните правци од двата пакета идниот инвеститор треба да вложи околу милијарда евра.И струшките и охридските автопатишта ќе бидат предмет на концесија. Патиштата ќе бидат под концесија 35 години, а концесионерите ќе имаат осум години за нивна изградба. Станува збор за давање под концесија на патните...

Continue reading

globus travel

ТА „Глобус Травел“ дел од проектот за самовработување

Post Views: 1 Туристичката агенција „Глобус травел“  е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP.  Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.„4 години работам во туризмот, имам контакти и сум во таа бранша вели Лотеска Наумоска. Сметам колку и да има туристички агенции нивниот број е мал бидејќи имаме добри атрибути за да го развиеме туризмот на максимално ниво, да не е само во лето туку преку цела година,“ објаснува таа. На гостите кои ќе доаѓаат во Македонија преку Глобус травел ќе им бидат презентирани...

Continue reading

krv

Најдобро се учи преку пример

Post Views: 2 На денешната кводарителска акција, реализирана на иницијатива на О.У. „Св.Климент Охридски“ а со помош на О.О. на „Црвениот Крст“ од Охрид, најмладите од ова основно училиште се „заразија“ со вирусот на хуманоста. На акцијата беа собрани 38 единици на крв кои ќе бидат искористени за потребите на пациентите во Општата болница .Директорката на училиштето Славица Илиќ кажа дека оваа година во чест на патрониот празник, одлучиле програмата да биде малку поразлична. „Освен што традиционално имаме свечени приредби, одлучивме годинава да ја покажеме нашата хуманост со организирање...

Continue reading

Sobranie na RM

Закон за Охрид…конечно?!

Post Views: 8 Законот за Охрид на кој веќе две години се чека, конечно ќе се најде во собраниска процедура.Досега ниту една владеачка гарнитура не го донесе овој закон, иако беше најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури. На денешната седница на пратенички прашања, од страна на пратеникот Александар Николовски, беше поставено прашање до министерот за  култура г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска, по однос на изработката на специјализиран закон за заштита на градот Охрид. Канчевска со одговор дека законот е веќе изработен и е доставен на мислење во соодветните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top